Жената која ти го готви омиленото јадење по напорен ден - неа да ја чуваш

Чувај ја жената која те прифаќа онаков каков што си, бидејќи заради неа ќе посакаш и сам да смениш некои лоши навики.

Kako-se-cuvaat-zenite-koi-go-zasluzuvaat-toa-001.jpg

Сакај ја жената која не ти ја ограничува слободата, затоа што довербата е бесценета и не се купува со ништо.

Прегрни ја онаа жена која те покрива кога дремнуваш, за да не настинеш.

Опсипувај ја со бакнежи жената која ти го готви омиленото јадење, иако е преуморна после напорниот работен ден.

Почитувај ја жената која е скромна и купи ѝ подарок, макар и обична ситница, без никаква специјална причина, затоа што е среда и затоа што ја сакаш, не затоа што е 8-ми март или ѝ е роденден.

Цени ја жената која безрезервно те поддржува и возврати ѝ на истиот начин.

Расплачи ја жената со најсмешниот виц кој ќе ти падне напамет.

Разбери ја жената која се возбудува за нови чевли, бидејќи сите имаме тајни задоволства и каприци.

Љуби ја жената, бидејќи таа не е само твоја сопруга, таа е твој партнер, другар и мајка на твоите деца.

Гордеј се со жената, затоа што е единствена и твоја.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава