Совет од еден татко: Венчај се за човекот од твоите соништа

Блогерката Ракел Исабел де Алдерате која е позната како inkskinned, на социјалните мрежи споделува што нејзиниот татко ја советувал за да најде сопруг кој ќе ја направи навистина среќна.

sovet-od-eden-tatko-vencaj-se-za-covekot-od-tvoite-sonishta-01.jpg

Неговите совети се прилично едноставни:

1. Твојот сопруг треба да биде човек кој секогаш ќе успева да те насмее

Излегувај со момче кое те прави среќна, но венчај се само за оној кој секогаш успева силно да те насмее, сè додека стомакот не те боли.

Светот не е секогаш љубезно место за живеење. Ќе почувствуваш силна болка. Па, биди сигурна дека ќе бидеш покрај некој кој ќе ја прави таа болка поднослива.

2. Погрижи се да има белези на рацете

Биди сигурна дека знае себеси да се одбрани од светот, но и да создаде нешто со сопствените раце.

Животот треба да го поминеш покрај некој кој е страстен, кој има цели и не се плаши да ги извалка сопствените раце за да го добие тоа што го сака.

3. Пред да кажеш да, види го гневен, исплашен, болен... Стресот ја менува секоја личност

Види го и во пијана состојба, тогаш ќе знаеш што навистина мисли. Откриј од што е зависен. Види како се соочува со нив.

Ако не ти се допаѓа сега како се однесува, за 8 години нема да ти се допаѓа неговото однесување уште повеќе.

4. Верувај на сопствените инстинкти

Ако не се чувствуваш безбедно покрај него не барај изговори, замини си. Подобро е да бидеш сигурна сега отколку да зажалиш подоцна.

5. Ако парите му се предност, на крајот ти ќе му станеш последен приоритет

Една работа е да не може да ти ги обезбеди работите кои ги посакуваш, друга работа е да има пари, а да не сака барем една твоја желба да исполни само за да ги задоволи сопствените потреби.

Парите и љубовта се смртни непријатели.

6. Како се однесува со животните сега, така ќе се однесува со децата понатаму

Ако видиш дека дига рака на куче, спакувај си ги куферите и замини си. Истото важи и за келнерите...

Трпението ретко кој го поседува, а е најважно за воспитување на децата.

7. Ако не се воодушевува на тебе, не те заслужува

Ти си совршена, а ако тој не го забележува тоа, тогаш тоа е негова загуба.

Секогаш ќе постои некој кој ќе те обожава. Затоа, остани силна и замини си ако треба.

Ако бара да се промениш, биди цврста како камен и не потпаѓај на барањата. Совршена си, таква каква што си.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава