Сè уште лежам во кревет и се надевам дека си буден и мислиш на мене

Ајде, слободно. Кажи ми дека сум кутра. Кажи ми дека сум мазохист, повлечена и смешна што сè уште се држам за нешто што не би требала.

povekje-nema-da-se-objasnuvam-i-izvinuvam-shto-mi-nedostasuvash-01.jpeg

Превртувај ги очите и кажи ми дека не ме разбираш. Осуди ме, бидејќи признавам, сè уште со ноќи лежам во креветот и се надевам дека си буден, дека можеби мислиш на мене, како што јас мислам на тебе.

Сериозно, ајде.

Кажи ми што имаш да ми кажеш. Исфрли сè од тебе. Кажи ми дека веќе требаше да те преболам. Кажи ми дека ова си го правам самата на себе. Кажи ми дека си ја трошам енергијата.

Кажи ми што и да ти падне на памет, затоа што отворено ти признавам дека ми недостасуваат разговорите. Дека срцето ми прерипува кога ќе го слушнам твоето име.

Во ред е.

Ми недостасуваш. И повеќе не можам да се чувствувам лошо заради тоа.

Мислам дека луѓето веруваат дека еднаш штом ќе си заминеш, преболуваш, дека повеќе нема да те болат сеќавањата. Дека еден ден се случува „паф“ и повеќе не си тажна. Веруваат дека постои моќ во самотијата, носталгијата и сите емоции кои не можат да се објаснат.

Но, тоа е глупост.

Чиста глупост.

Кога некого сакаш, го сакаш со целото свое срце и си поврзан со таа личност. Таа личност станува твој дом, центар на твојот живот. Природно е да се чувствува носталгија за места и луѓе. Не е ниту добро, ниту лошо. Едноставно е така.

И сè уште не можам да си помогнам. Чувствувам носталгија за тебе.

Понекогаш едноставно ми недостасуваш.

И знаеш што? Доста ми е од тоа да морам да го кријам овој факт.

Беше дел од мојот живот. Ми беше важен. Некој за кого сум се грижела.

Ми недостасуваш и не ми е жал.

Те сакав и за тоа не жалам.

И ако заради тоа сум кутра, нека биде така...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава