Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Секси женски атрибути

Мажите сакаат различни физички атрибути кај жената и токму тоа е она што на прв поглед ги привлекува. Меѓутоа, откако добро ќе ја измеркаат...

 

... девојката од глава до пети, посилниот пол го насочува своето внимание кој нејзините карактерни особини.

Како што покажаа бројните истражувања, мажите сакаат убава насмевка, заводлив поглед, но и интелигенција, пишува "Press".

Насмевка. Голем број на истражувања покажаа дека мажите ги привлекува пријатна насмевка. Тие сметаат дека насмевката кај жената покажува дека таа е отворена, весела и неоптоварена. Насмевката е секогаш секси!

seksi-zenski-atributi-1Да знае да слуша.Жена која внимателно го слуша својот соговорник е многу привлечна. Едно австалијско истражување покажало дека токму ваквото посветено внимание е она што многу мажи ги привлекува.
"Необично е колку е секси кога имаш впечаток дека цело нејзино внимание е насочено кон тебе", изјавил еден од испитаниците.

Смисла за хумор.Секој сака кога има позитивна енергија и оптимизам до себе, па така и мажите. Токму затоа нив ги
привлекуваат жени кои имаат смисла за хумор. Тие жени знаат да ве опуштат и насмеат, а тоа е добар предуслов за секси расположение.

Шега на сопствена сметка. "Нема ништо поодбивно од жена која не знае да се пошегува на сопствена сметка и која сето тоа го сфаќа лично", изјавил еден од испитаниците во неодамна спроеденото британско истражување.

Кога жената се шегува на сопствена сметка, покажува дека таа е самоуверена и дека не е критички настроена кон себе, а ниту кон мажите.

Поглед. Многу мажи сметаат дека жената најдобро завдува со поглед. Постојат и онакви кои ги привлекува
таинствен и срамежлив женски поглед, но и онакви кои преферираат строг, жесток поглед. Тоа е момент кој не може да се изглуми и кога се остварува првиот контакт.

Интелигенција
. Голем број на мажи сакаат крај себе паметна жена. Иако некои од нив тврдат поинаку, интелигенцијата е посебно секси особина. Таа е таа која овозможува жената да биде интересна, интригантна, одличен
соговорник, но и забавна во кревет.

Пристојно однесување. Жена, како што изјавиле студентите на еден американски универзитет, не мора да биде светица, но мора да се однесува пристојно. Мажите не сакаат жени кои се прегласни и наметливи. "Тоа е првата работа која ја приметувам кај жена. Ако не е пристојна, јас заминувам", изјавил еден студент.

Би можело да ве интересира:

Што е „микро-неверство“ (и знаци дека сте изневерени на овој начин)? Иако не вклучува физичка интимност, микро-неверството се граничи со емоционалнот...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...
9 ужасни работи кои нарцисоидна личност би ги кажала на партнерот (ако беше искрена) „Не те сакам, туку сакам да те контролирам“, „Никогаш нема да се променам, ама ќ...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg