До пријателите кои останаа покрај мене кога останав со скршено срце – Ви благодарам!

Раскинувањата се тешки и очигледно се добро скроен заговор кој има за цел да ни ја тестира силата и издржливоста на нашето кревко срце.

Do-prijatelite-koi-ostanaa-pokraj-mene-koga-ostanav-so-skrseno-srce-vi-blagodaram-01.jpg

Секогаш постои ЕДНО раскинување кое се разликува од останатите, она на кое му лепиме етикета „најтешко“ и го благословуваме со: „Никогаш да не се повтори“.

Почувствував физичка болка која помина како струја низ целото мое тело. Одеднаш, ми затапеа сите сетила. Немав сила да станам од креветот со денови.

Не можев да јадам, не можев да спијам, а после одреден број на часови останав и без солзи. Вегетирав со тапа, сèприсутна болка, тотално незаинтересирана за остатокот што има да го понуди светот.

Моите пријатели се појавија филмски, онака како што гледате слаба светлина додека гниете во темниот тунел.

Се доближуваа, а светлината стануваше посјајна додека буквално ми подаваа рака.

Драги пријатели, ви благодарам од срце што никогаш не ми рековте „Ти рековме!“. А можевте, можевте да бидете сурови, да ми го дотолчите срцето и да ме доуништите.

Наместо тоа, вие се појавивте на мојата врата со омилената храна која покрај вас почна да го враќа својот првобитен вкус и арома.

Ви благодарам што не ме осудувавте за моите грешки и мојата заслепеност и што останавте покрај мене. Ако зборот верност има потреба од фотографија во речникот, јас во мојот ќе ја залепам вашата.

Ви благодарам што сте добри слушатели. Што ми дозволивте да ја изнесам мојата болка, со свои зборови. Што имавте трпение да ја преслушувате истата приказни неколку пати, додека не ни се здосади за вечни векови.

Ви благодарам што бевте и останавте мои пријатели, а не негови. Раскинувањата се неминовно зачинети со инфантилно однесување, но моментот кога некој застанува покрај вас и гласно вели: „Таа ни е другарка, ти си никој!“, е бесценет.

Ви благодарам што ми дадовте доволно време да одболувам, да се исплачам, а подоцна решивте да ѝ ставите крај на мојата агонија со зборовите – „Доста беше. Време е да се вратиш во реалноста“.

Затоа што ништо не е повредно од пријателската „шлаканица“ која ви го враќа разумот.

Драги пријатели, ви благодарам што се трудевте да ме насмеете, кога ми беше дојдено само до плачење.

Ви благодарам што вложивте напор да ме изнесете од дома и да ми покажете дека и покрај сè, забавата мора да продолжи понатаму.

Но, најмногу од сè, ви благодарам што поради вас знам дека – без дечко може да се преживее, но не и без вас.

Ви благодарам од срце и сакам да ви кажам дека се надевам дека нема да ја возвратам услугата, иако знам дека ќе излажам...

Но, важно е да знаете дека ќе бидам секогаш тука, како што бевте вие за мене.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...

Најчитани неделава