7 причини поради кои старомодните мажи се подобри од останатите

Денешните мажи многу се разликуваат од традиционалните, односно старомодните мажи, кои иако можеби не изгледа така, сепак може да се пофалат со многу повеќе квалитети од модерните.

7-pricini-poradi-koi-staromodnite-mazi-se-podobri-od-ostanatite-01.jpg

Погледнете ги следните 7 разлики помеѓу нив и размислете што повеќе сакате. 

1. Ги третираат жените како жени

Модерните мажи се однесуваат со жените како тие да се нивни пријатели, или пак некои од нив, толку многу им се плашат, што во нивно присуство се претвараат во добри момчиња.

Старомодните мажи ги третираат жените со многу повеќе почит, но сепак не дозволуваат жената да ги гази само затоа што таа е припадничка на понежниот пол.

На нив им е важно жената да е паметна и љубезна.

2. Тие сакаат жени и немаат проблем да го изговорат тоа на глас

Овие мажи не се срамат да покажат дека некоја жена им се допаѓа. Сакаат секс и сметаат дека тоа е природно и здраво. Покрај старомодните мажи, жените се чувствуваат почитувани и сакани, а не евтино како со модерните мажи.

3. Не се зависни од жените

Денешните мажи немаат можност да научат како да бидат независни и самостојни, бидејќи или живеат со родителите или со нивната девојка, која исто така ги завршува домашните обврски за нив.

Но, старомодните мажи не можат толку лесно да се помират со живот во неред и беда.

Тие не чекаат брак за да се спасат од сопствениот хаос. Тие вложуваат труд во средувањето на домот и не чекаат некој друг да ги заврши нивните обврски.  

4. Размислуваат за иднината

Традиционалните мажи не живеат од денес за утре. Тие се свесни за својата иднина и размислуваат за начини на кои ќе ја направат поперспективна. Најважно од сѐ е тоа што тие знаат кои се вистински квалитети на животот и знаат со кого сакаат да ја дочекаат иднината.

5. Ги контролираат своите емоции

Општо мислење на сите е дека жените се тие кои се емотивни, а мажите се смирени и стабилни. Но, многу пати се докажало дека мажите знаат да изгубат контрола врз бесот или љубомората и се впуштаат во јавна кавга.

Јавните расправии не се воопшто посакувани. Бесот, исто така не е привлечен, а ниту пак љубомората.

Тие емоции нема да си ги дозволи маж кој е рационален и самоуверен.

6. Знаат добро да се облекуваат

Старомодните мажи не мора слепо да ги пратат најновите модни трендови. Тие знаат сами да се грижат за себе и за својот изглед, а притоа да остават многу добар впечаток.

7. Знаат колку е важна технологијата во нивниот живот

Технологијата треба да го подобри вашиот живот и односите со луѓе, а не целосно да ги замени.

Старомодниот маж знае дека тој е одговорен за управувањето со својот живот, а можностите на технологијата ги користи само за да ги унапреди своите квалитети. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...

Најчитани неделава