Среќните парови почесто се бакнуваат: Интересни факти за бакнувањето

Бакнувањето е еден од најубавите начини некому да покажете колку многу ви значи и го сакате.

Interesni-fakti-za-baknuvanjeto-01

Иако тоа изгледа како едноставен процес на размена на чувства, вистината е дека тоа претставува нешто многу посложено.

Самиот чин на бакнување покрај тоа што вклучува огромен број фацијални мускули тоа исто така, активира и голем број неврони кои носат најразлични дразби до вашиот мозок.

Ова се само дел од интересните факти кои го објаснуваат бакнувањето... 

Потсвесна размена на информации

За време на бакнувањето, доаѓа до потсвесно разменување на информации меѓу парот. Докажано е дека жените на овој начин добиваат информации за генетската слика на мажот, кои подоцна ги користат за да донесат одлуката дали тој е доволно добар партнер или не.

Мажите и жените сакаат различни бакнежи

Жените сакаат нежни бакнежи со помало присуство на јазикот, додека пак мажите преферираат „влажни“ бакнежи (машката плунка содржи тестостерон кој го поттикнува женското либидо).

Лошото бакнување може да биде причина за прекин на врската

Психолозите тврдат дека првиот бакнеж е многу важен за иднината на врската. Едно истражување покажало дека дури 66% од жените и 59% од мажите би прекинале добра врска поради лош бакнеж.

Што претставува лош бакнеж?

Според истражување од 2012 година, најлошиот бакнеж е бакнежот при кој го чувствувате мирисот на цигари кај партнерот. На самиот врв биле и херпесот и други ранички, потоа мирисот на телото, испукани усни и лоши заби.

Бакнежите се добри за здравјето

Докажано е дека бакнежите го намалуваат стресот и нивото на лошиот холестерол во крвта, а делуваат корисно бидејќи го зголемуваат лачењето на допаминот односно хормонот на среќа.

Бакнежите ги трошат калориите

Секако дека не размислувате за тоа за време на бакнувањето, но експертите тврдат дека со една минута бакнување се согоруваат 2 до 6 калории. Колку пострастен е бакнежот, толку повеќе калории се согоруваат.

Среќните парови почесто се бакнуваат

Среќните парови, без разлика на годините и колку време се заедно и понатаму често се бакнуваат. Бакнежот го зголемува нивото на окситоцин, хормон кој поттикнува блискост и поврзаност, а го намалува нивото на кортизол, хормон кој го поттикнува стресот. Честото бакнување е знак за здрава и среќна врска.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава