8 начини како да спречите кавгата да ви ја расипе врската

Несогласувањата често доведуваат до конфликти, без оглед на тоа колку сте вљубени.

8-nacini-kako-da-sprecite-kavgata-da-vi-ja-rasipe-vrskata-1.jpg

Сепак, постојат граници кога се работи за расправањето. А, ако не ги почитувате може да имаат кобни последици.

Сè додека ги почитувате овие 8 правила и начини како да се расправате паметно, нема да и наштетите на врската:

1. Бројте до 10

Сериозно, помага. Кога ќе слушнете нешто што не ви се допаѓа или не се сложувате со него, длабоко вдишете и бројте. Сигурно не сакате да го повредите партнерот во еден момент на слабост или непромисленост.

2. Договорете се за сигнал кој значи „застани, до тука“

Кога гледате дека кавгата ќе кулминира, многу е важно да се сопрете со некој таен сигнал кој и двајцата ќе го разберете. Тоа може да биде гест или збор, сеедно. Само кажете го или направете го, за да го спречите преминувањето на прагот на толеранција.

3. Не се обидувајте да победите

Тоа не е она што ви треба. Не секогаш мора да бидете во право. Едноставно, некогаш не постои право и криво. Држете се до своите аргументи, но не се обидувајте да ги наметнете.

4. Некои работи едноставно не вредат

Сосема е нормално да имате различни мислења и ставови, и тоа мора да го прифатите. Но, постојат проблеми за кои не вреди да се расправате, а не пак долгорочно да си го нарушувате мирот. Мудро одбирајте заради што ќе започнете кавга.

5. Прегрнете го/ја

Кога постои недоразбирање, последната работа кога ја сакате е да имате физички контакт со лицето пред вас. Меѓутоа, кога се работи за личност со која сакате да го делите животот, време е да ги победите инстинктите. Прегратките ќе го збунат и омекнат дури и најлутото срце.

6. Во ред е да си легнете лути

Колку и да верувате во спротивното, некои работи е подобро да ги преспиете. Искористете го времето за себе, одморете се, медитирајте, прочитајте некоја добра книга и пробајте да ја поправите грешката следното утро. Не се грижете, ништо лошо не може да се случи за една ноќ.

7. Внесете малку хумор

Измислете некоја шега, направете двосмислен разговор, нешто на што и двајцата ќе се насмевнете. Тоа е одличен начин да ја разбиете напнатоста. Само не бидете иронични.

8. Објаснувајте се во удобна атмосфера

Самата околина влијае на вас и партнерот со кој сте во конфликт. Негативната атмосфера лесно може да ја наруши и самата желба за смирување. Затоа, избегнувајте бучни места со многу гужва. Заменете ги со тивко место, топол пијалак, вкусна храна и нешто што ви одговара на двајцата.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава