Каков е вашиот сексуален стил?

kakov-e-vasiot-seksualen-stil-povekjeПостојат специфични фактори кои зборуваат за квалитетот на вашиот интимен живот и врската. Тоа се фактори или стилови кои треба да ги...

 

... реализирате за да имате задоволувачки сексуален живот. Вашиот сексуален стил се базира на емоционалната блискост, љубовта и еротиката.

Постојат 4 главни стилови:

kakov-e-vasiot-seksualen-stil

1. Комплементарен - за овие парови најдобар афродизијак е возбудувањето на партнерот. Секоја личност е одговорна за сопствената сексуална реакција, додека се соработува тимски.

Секој љубовник е слободен да иницира или да одбие секс. Способноста на овој пар да ја дели еротичноста и искуствата е она што им предизвикува задоволство.

Недостаток е што сексот може да стане рутина, затоа што партнерите се земаат здраво за готово. Овој е најчест стил.

2. Традиционален – овие парови се предвидливи и стабилни. Сакаат да одржуваат мирна врска, и се сконцентрирани на вредностите, прифаќањето и сигурноста.

Преферираат традиционален секс каде доминира мажот. Овој стил е успешен и кај партнери кои имаат јасно дефинирани улоги.

Со едноставни правила, расправиите се ретки. Покрај ова, може да се случи да патат од сексуална нееднаквост и недостиг на сексуална интимност.

3. Компатибилен – овие парови уживаат во споделување на искуствата и разговори за својата врска. Многу време поминуваат заедно разменувајќи емоции, а потребата од партнерот им е приоритет. Се чувствуваат прифатено и сакано без стравови.

Негативната страна е што често се оптеретуваат со тоа да не ја повредат другата страна. Било кои проблеми може да станат хронични.

4. Емоционален - во оваа врска преовладуваат силни емоции и драма. Љубовниците слободно ја делат својата страст. Овој стил е најеротичен од сите, а го обележувааат виталноста, авантуризмот, забава, возбуда и отвореност. Партнерите може да се расправаат што ја прави врската нестабилна.

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg