7 идеи како да ја запросите

Романтични или не, запросувањето е еден од најважните моменти во вашиот живот. Тоа е моментот во кој се одлучувате да го поминете остатокот од животот со една личност.

7-idei-kako-da-ja-zaprosite-01.jpg

Ако сте уверени дека ја пронајдовте вистинската, таа заслужува да и покажете колку ви значи.

Можеби ќе ви успее со некоја од овие идеи:

1. Спомени

Ако имате доволно видео снимки на кои сте заедно, измонтирајте романтична снимка или составете колаж од заеднички фотографии.

Искомбинирајте ги со вашата омилена песна во позадина. Подгответе и патување низ вашите спомени, кое ќе ја разнежни и на крајот поставете го прашањето кое сигурно ќе резултира со солзи радосници.


2. На големо платно

Обратете се до вистинската личност во киното која ќе може да ви помогне. Се што треба да направите е да одберете соодветен филм, по можност со среќен или романтичен крај.

На платното нека се појават магичните зборови, а вие слободно клекнете покрај нејзиното столче.


3. Што значи тоа?

Одберете јазик кој не и е познат и запросете ја. Кога таа ќе праша “а што значи тоа“ бидете подготвени за одговор со прстенот во рака.


4. Те сакам до небото

Одведете ја на едноставен излет, посветете и го целото внимание, на крајот на денот нека погледне кон небото. Со помош на авионче или балон испишете ги магичните зборови. Нема да погрешите што и да одберете.


5. Подарете и љубов

Сака животни? Пред вратата оставете и кошничка со ружи, чоколадни бонбони, шампањско и слатко мало кутре кое на ланчето ќе има порака “те сакам, сакаш ли да се омажиш за мене“?


6. Парченце кое недостасува

Дали знаете дека може да направите сложувалка од фотографија по ваш избор? Земете ја вашата најубава фотографија и на едно парче нека стои прашањето.

Тој дел од сложувалката чувајте го во својот џеб и кога ќе забележи дека недостасува, отворете ја дланката...


7. Стара добра класика

Ако не ви се допаѓаат овие идеи, запросете ја на традиционалниот начин. Вечера со свеќи, местото каде сте се запознале. Ако ви ја олеснува работата – голем број девојки го сакаат овој начин на запросување.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg