Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 знаци дека сте го пронашле вистинскиот партнер

Иако сме слушнале дека не постои совршеност, постојат луѓе на светот кои прават да се чувствуваме толку добро, што навистина го побиваат ова тврдење.

10-znaci-deka-ste-go-pronasle-vistinskiot-partner-001.jpg

Пронаоѓањето на вистинскиот партнер е нешто кое навистина носи многу промени во животот.

Честопати заглавуваме во токсични врски, верувајќи дека до себе ја имаме вистинската личност, за после некое време да сфатиме колку сме се повредувале самите себе.

Ако се пронајдете себеси во повеќето од следните тврдења, тогаш навистина ја имате вистинската личност покрај себе.

1. Вашиот партнер е и вашиот најдобар пријател. Вие сте она што сте, без маска на лицето, се чувствувате слободно и можете заедно да уживате и во најмалите нешта од животот.

2. Вашиот партнер е онаа личност која најмногу ви е потребна во најтешките и најтемните моменти од вашиот живот.

3. Вие не зависите еден од друг, способни сте да бидете разделени и покрај тоа што на ниту еден од вас не му се допаѓа тоа.

4. Вашиот партнер е вашиот прв избор кога станува збор за споделување на убави моменти, делење на вашиот омилен десерт, или пак, за целосно заборавање на манирите за време на вечерата кога сте премногу уморни да се грижите за тоа каков впечаток оставате додека јадете.

5. Знаете како да направите совршен компромис. Понекогаш не го добивате она што го сакате, но знаете дека тоа е правилниот избор за двајцата.

6. Понекогаш повеќе се грижите за неговите или нејзините потреби, отколку за вашите.

7. И двајцата сте свесни дека како што поминува времето, така се зголемуваат шансите да се промените и токму затоа, се обидувате тоа заеднички да го правите. За вас животот е уживање во секоја нова фаза која заедно ќе ја дочекате.

8. Кога нешто ќе ви се случи, без разлика на тоа дали станува збор за возбудливи, негативни или комплетно безначајни нешта, тој или таа е првата личност на која сакате сè да ѝ кажете.

9. Тој или таа ве одржува во рамнотежа, но и вие го правите истото за него или неа. Онаму каде што едниот од вас е послаб, таму другиот е посилен.

10. И двајцата знаете дека без разлика на сè, секогаш ќе бидете тука еден за друг.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Те молам, почекај ја личноста која ќе ти ја направи љубовта лесна! Учиме дека љубовта што вреди е тешка. Хаотична. А јас сум тука да кажам дека тоа...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
5 вистински приказни за љубовта кои не можат да ги измислат ни филмските сценаристи „Имам пријателка со луда фантазија. Ѝ се допаѓа еден тип што работи во истата зг...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg