Зошто се заљубуваме во личности кои не нè посакуваат?

Зошто не успеваме да ги преболиме луѓето кои нè изневериле, кои нè повредиле или одбиле?

zoshto-se-zaljubuvame-vo-licnosti-koi-ne-ne-posakuvaat-01.jpg

Без разлика на тоа колку години имате, врзувањето за незаинтересирани и емоционално недостапни луѓе е заедничко на голем број луѓе.

Авторката на книгата „Why We Love“, Хелен Фишер, открива дека одговорот се крие во невролошките реакции кои се случуваат во мозокот.

„Причината поради која сме зависни од луѓе кои нè одбиваат е поврзана со деловите од мозокот кои знаат да ги препознаат стимулаторите на одбивање и ги поврзуваат со мотивацијата, нагоните, наградите и зависноста“ - тврди Хелен.

Во нејзиното истражување, на испитаниците, прво им била покажана фотографија од поранешните партнери, а потоа имале задача да решат математичка равенка и на крајот им била покажана фотографија од личност која ја познаваат, ама кон неа немаат романтични емоции.

За тоа време, им бил сниман мозокот.

За време на првите вежби е забележана активност во подрачјата на мозокот кои се поврзани со наградите и нагоните.

Од истражувањето, авторката донела заклучок, дека колку личноста кон која сме имале емоции или сè уште имаме емоции, колку повеќе нè одбива, толку повеќе нејзината перципирана вредност расте.

Ваквата љубовна ситуација е слична како зависноста од дрога, но во овој случај, дрогата е другата, недостапна личност.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава