Синдромот на типичен балкански маж и жените кои го дозволуваат тоа

Пред некое време прочитав статија во која пишуваше дека 34% од мажите сакаат нивната партнерка да биде самостојна, додека 66% од нив сакаат партнерка над која ќе имаат авторитет, а во меѓувреме ги воспитуваат своите ќерки спротивно од тие верувања.

sindromot-tipicen-balkanski-maz-i-zenite-koi-dozvoluvaat-vakov-tip-na-alfa-mazjacko-odnesuvanje-01.jpg

Сакале или не, живееме во општество во кое мажите и жените добиваат автоматски социјално предодредени улоги, кои стануваат најголем проблем на денешницата, кога станува збор за оформување на врски помеѓу двата спротивни пола.

Во нашиов регион, мажот речиси секогаш игра улога на авторитет и тој е мозокот на куќата, додека жената е рбетот. Да, тие не можат едно без друго, но на крајот на денот, мозокот е тој кој одлучува кои мускули ќе се движат.

„Потчинете се или останете си во врска со самите себе“ стана непишано правило. Не зборувам за жени кои уживаат во тоа да бидат потчинети, за кои најголемо задоволство е да се грижат за мажот и сите негови оправдани или неоправдани потреби да бидат задоволени, притоа не обрнувајќи внимание на сопствените желби.

Зборувам за жените кои одат спротивно од нивните верувања и принципи, за да го задоволат мажот и неговото его да не се чувствува загрозено, до толку што однесувањето им се претвора во патолошка состојба само за да ја зачуваат врската.

Проблемот е во тоа што мажите веруваат дека ваков тип на жени постојат - секогаш средена, паметна, убава жена, која сака спорт, секогаш е подготвена за секс, обожава да пие, да јаде пица и хамбургер, а притоа да не качи ниту еден килограм. Да знае да готви, да му биде целосно посветена, таа да се грижи за децата, никогаш да не се лути и да му дозволува да прави што сака. Да биде образована, но не премногу, за тој секогаш да го има главниот збор.

Тие ги дефинираат овој тип на жени како добри жени. Тие веруваат дека овој тип на жени постојат, затоа што многу жени се преправаат дека се такви. Тие не се обидуваат да изгледаат како жени какви што сакат да бидат во иднина, туку се преправаат дека се жени какви што мажот сака тие да бидат.

Во принцип, мажите сакаат жени кои сакаат сè што тие сакаат и што не се жалат. Сакаат покрај себе партнер кој ќе им дозволува да се чувствуваат како маж.

Дури и рекламите и сè останато околу нас е поставено така, да веруваме дека треба да бидеме ваков тип на жена. Реклами за средства за чистење, во кои жената игра главна улога, каталози со парфеми, шминка и облека, списанија со главни наслови: „Како да го задоволите мажот“ или „Како да му го привлечете вниманието?“.

Ќе помислите дека сè што прават и сакаат жените е да чистат, да крвават и да се тепаат за внимание на мажите. Познавам жени чии целосни личности стануваат само една бенигна просечност.

Нивните животи се листа полна со недостатоци: момчиња кои не ги почитуваат, идеи и достигнувања кои не им се доволно признаени, маж кој шара наоколу. Ги слушаш нивните приказни и размислуваш колку се будалести овие жени што дозволиле животот да им стигне дотаму и потоа влегуваш во врска со овој тип на маж.

На почеток сè е совршено, се надополнувате, тој е прекрасен со вас, прави да се чувствувате прекрасно, безгрижно и сигурно. Уживате во моментот и си велите дека за ова вреди да се откажете од неколку свои верувања.

Тој не почнува да чита Џејн Остин, туку вие почнувате да гледате фудбал. Тој не се преправа во нешто што не е, а вие давате сè од себе да ја одржите верзијата во која се заљубил. Не се грижите за тоа што доаѓа следно, живеете во илузија дека нема никакви лоши последици од тоа што целосно му се оддавате и почнувате да станувате сè поплитки, но среќни.

Ќе направите сè за да ја задржите таа среќа. Сакате да верувате дека го познавате мажот со кој сте во врска и сакате да му верувате, па секојдневно ги проголтувате вашите разочарувања, ја играте совршено улогата на перфектна, добра девојка и несвесно секој ден се претворате во верзија на девојка која му одговора на него.

Сè додека еден ден не ја изгубите целосно неговата почит и одеднаш се наоѓате од спротивната страна. Сега вие сте жената со која симпатизираат сите, а скришум сите ве сожалуваат.

Нашево општество не ни остава многу избор, феноменот балкански маж никако не напредува, ваквите поделени машко-женски улоги никако да се променат. Мнозинството мажи колку и да се преправаат дека имаат помодерни сфаќања, во душа уште се прилично конзервативни.

Тие си уживаат во улогата авторитет, а луѓето на кои им се дава толку авторитет, најчесто ги забораваат своите морални обврски. Кој не сака да биде почитуван и слушан, а во меѓувреме да не прави речиси никакви жртви.

Жените кои ги немаат овие карактеристики, кои не дозволуваат на никој начин да бидат потчинети, најчесто се предмет на обожавање од многу мажи, мажите сонуваат за нив, го сакаат предизвикот да ги скротат и да ги направат по нивна мерка.

Но, многу често не завршуваат со нив, туку со „добрите девојки”. Со такви, какви што ги учат своите ќерки никогаш да не станат.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg