Зошто тој ти раскина?

Тој раскина со тебе, бидејќи го сакаше премногу, толку многу што веројатно се исплаши.

 zosto-toj-ti-raskina-001.jpg

Се исплаши дека можеби нема да може да ти возврати во иста мера, дека нема да може да ти ја даде љубовта која ја заслужуваш.

Раскина со тебе, бидејќи ти беше премногу добра за него. Девојките како тебе заслужуваат некој многу подобар од него.

Ти заслужуваш некој кој ќе се грижи за тебе и ќе те сака многу повеќе од него.

Тој раскина со тебе, бидејќи кога ќе му кажеше „Те сакам“, не беше сигурен дали сака да одговори со „И јас те сакам“.

Сепак, најлошо беше кога го кажа тоа само за да не те повреди, иако беше свесен дека лаже.

Тој раскина со тебе, бидејќи не можеше веќе да ја поднесе вината. Не сакаше веќе да лежи до милата и невина девојка која го сакаше бескрајно. Неговото срце се кршеше на милиони парчиња секогаш кога во твоите очи ја гледаше твојата надеж дека ќе бидете заедно засекогаш.

Тој раскина со тебе можеби бидејќи сè уште на ја преболел поранешната девојка. Можеби кога не бевте заедно често се потсетуваше на неа и се обидуваше да дознае што прави таа сега.

Тој раскина со тебе бидејќи му требаше време да расчисти со себе, да си прости за сите грешки кои ги направил и да застане цврсто на своите нозе.

Тој раскина со тебе кога не беше предоцна да се поправи целиот тој хаос кој тој го внесе во твојот живот. Хаосот за кој тој немаше храброст да се извини.

Тој раскина со тебе ставајќи ги неговите раце врз твоето лице, гледајќи те право во очите и кажувајќи дека тој е виновен за сè.

Тој раскина со тебе бидејќи тоа беше единствената исправна работа која можеше да ја направи.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава