Што значи кога го изневерувате вашето момче во сон?

Сите понекогаш имаме чудни сонови, што се многу лични за да ги споделиме со било кого, но не можеме да престанаме да мислиме на нив. „Зошто сонував како го изневерувам моето момче? И баш со кого? Дали потсвесно ме привлекува тој?“

sto-znaci-koga-go-izneveruvate-vaseto-momce-vo-son-001.jpg

Експертите велат дека кога трета личност се вмешува во вашата врска преку сонот, тоа всушност ретко значи дека таа личност ве привлекува во вистинскиот живот. Најчесто причината лежи во нерешени проблеми помеѓу вас и вашиот партнер.

Кога сонуваме, на еден начин се оддалечуваме од нашите проблеми и гледаме од страна како се одвиваат сценарија кои потсвесно ги прикажуваат тие проблеми.

Сонот во кој го изневеруваме партнерот е еден од најчестите сонови кои и мажите и жените ги сонуваат. Така, кога сонувате дека го изневерувате момчето, третата личност го претставува тој дел од вас со кој не сте добро запознаени или го потиснувате.

Тоа е еден дел од вас кој не е сентиментален и кој не донесува одлуки во кои се вмешани многу емоции. Дел од вас кој е храбар и не размислува многу за последици. Затоа, кога дозволувате некој друг да се спои со вас во сонот, тоа всушност значи дека дозволувате тие моќни карактеристики да влезат во вас.

Сонот ни кажува да престанеме да бидеме емотивни, да се грижиме и да си го трошиме ценетото време и енергија на непотребни работи.

Сите врски имаат проблеми и понекогаш го вадат најлошото од нас, сè додека некој сон не нè соочи со реалноста.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава