Ако не го сакаш моето куче, не те сакам ниту јас тебе

Животните се можеби најубавиот подарок на животот. Да се има милениче значи да се живее бескрајно подобар живот и сакам партнер кој ќе го дели истото мислење како и јас. Кога налетувам на момче кое не сака животни, признавам дека сакам веднаш да побегнам во спротивен правец без да се свртам назад.

Ako-ne-go-sakas-moeto-kuche-ne-te-sakam-nitu-jas-tebe-01.jpg

Едноставно е, ако не сакаш животни и ако не го сакаш моето куче, не верувам дека би те сакала тебе. Еве и зошто:

Кој не сака безусловна љубов?

Особено кученца кои се познати по безусловната љубов кон сопствениците и дечињата. Тоа е нешто за кое не секој човек е способен, но животните магично се. Моето крзнено пријателче секогаш ме дочекува со весело лаење и возбудено вртење на опашот кога ќе го преминам прагот.

Колку и да сум тажна, уморна или разочарана, секогаш успева да ме расположи. Чудно е да имате партнер кој не ја забележува и не ја цени ваквата љубов и приврзаност.

Што не е во ред со тебе?

Искрено, кој е тој човек што не сака кучиња (освен ако не се плаши од нив, поради некоја лична траума). Сепак, едно е да се плашиш од кучињата, а друго воопшто да не ги сакаш, па дури и да им посакуваш зло и да си сакаш да ги повредиш.

Не ти верувам

Едноставно е, не им верувам на луѓето кои не сакаат животни, а особено мачки или кучиња. Животните, особено кучињата имаат некоја внатрешен радар кога се работи за луѓето. Откако ќе те подушкаат можат веднаш да проценат дали си добар или не толку добар човек.

А, моето не престана да лае на последниот партнер. Добар предупредувачки знак, нели?

Животните ја подобруваат смислата за хумор

Кучињата едноставно умеат да бидат будалести, а додека си играте со нив и вие почнувате да се однесувате така. Кога некој не може да го сфати тоа, дефинитивно има претврдо срце.

Те обликуваат во подобра личност

Звучи можеби малку смешно, но животните дефинитивно те прават подобра личност. Погрижлива, поемпатична и помалку себична. Секој кој се грижел за миленичето кога е болно или ги дал последните пари за храна, знае точно за што се зборува.

Тие се извор на среќа

Умеат да слушаат, да се гушкаат и да ве развеселат во секој момент. Неуморни се, слатки и смешни. Лојални и верни, што повеќе би посакале од еден другар?

Нема да се откажам од моето куче

И никогаш не ме терај да го правам тој избор. Има доволно место за двајцата во мојот живот. Силно верувам дека врската во која едниот партнер не сака животни е осудена на пропаст. 

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава