Со кои спортови се занимаваат мажите што најмногу изневеруваат?

Несомнено, спортувањето е еден од квалитетите што изразено ги привлекува жените кај спротивниот пол. Но, овој податок нема да ви се допадне.

so-koi-sportovi-se-zanimavaat-mazhite-shto-najmnogu-izneveruvaat-1.jpg

Според најновото научно истражување, со кое биле опфатени 1750 машки испитаници, а чии резултати најпрво ги објави Golf Support, момците кои се занимаваат со одредени спортови, многу почесто и повешто изневеруваат од другите.

so-koi-sportovi-se-zanimavaat-mazhite-shto-najmnogu-izneveruvaat-povekje-3_copy.jpg

Кога е во видот на спортот во прашање, резултатите откриваат дека кај момците кои играат тимски спортови, постои многу поголема веројатност да ги искористат натреварите како алиби за прикривање на прељубничка афера. За разлика од нив, индивидуалните спортисти се помалку склони кон „нечисти игри“.

so-koi-sportovi-se-zanimavaat-mazhite-shto-najmnogu-izneveruvaat-4_copy.jpg

Меѓу спортските типови, најневерни се рагбистите, кои се први на листата. Дури петтина од испитаните рагбисти (21%) биле неверни барем еднаш, а го користеле тренингот и спортските обврски како изговор пред партнерките. Веднаш по нив, на второтото место се фудбалерите (19%) и голферите (17%), кои постапиле исто како и рагбистите.

Во средината се тркачите (15%), боксерите (12%) и тенисерите (11%), а дното од листата, односно како најлојални партнери се покажале атлетичарите (4%), пливачите (5%) и велосипедистите (7%).

  so-koi-sportovi-se-zanimavaat-mazhite-shto-najmnogu-izneveruvaat-povekje-5_copy.jpg

Што се однесува до самото неверство, психолозите од научниот тим што стои зад истражувањето, го објаснуваат овој феномен како резултат на зголеменото ниво на тестостерон во телото, кое неретко се јавува кај мажите кои активно се занимаваат со спорт и напорно тренираат, а поради што се зголемува и сексуалниот нагон.

so-koi-sportovi-se-zanimavaat-mazhite-shto-najmnogu-izneveruvaat-2.jpg

Сите мажи кои учествувале во истражувањето, практикувале најмалку шест часа „спорт“ секоја недела.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...

Најчитани неделава