5 знаци дека останувате во врска поради страв од непознатото

Долгите врски знаат да бидат неверојатно комплицирани, посебно ако сте заедно од многу мали. Растете и созревате заедно и некако во целиот тој хаос тешко е да пронајдете својот сопствен идентитет што не е поврзан со вашиот партнер.

5-znaci-deka-ostanuvate-vo-vrska-poradi-strav-od-nepoznatoto-1.jpg

Ова го прави прекинувањето на врската да ви изгледа речиси невозможно. Но, сепак не е важно колку време си со некој во врска туку најважно е да можеш да бидеш своја сопствена личност. А, ако не можеш да се пронајдеш кој си ти самиот/та во врската време е да се вратиш неколку чекори назад во времето кога беше слободен/на да истражуваш и да се откриеш.

1. Се чувствувате како да сте веќе премногу длабоко навлезени

Толку долго сте заедно што некако се чувствувате заглавено. Ги имате истите пријатели, премногу сте блиски со семејствата, а можеби и дури веќе живеете заедно. Животите ви станаа толку испреплетени што мислите дека веќе е предоцна да почнете да живеете еден без друг. Но, колку и да сте заглавени со некоја личност никогаш не е предоцна да создадете живот самите за себе и животот секогаш ќе ве награди со нови опции и авантури.

2. Нешто не е во ред во врската, но уште не можете да откриете што точно

Можеби вашите пријатели и сите ваши блиски мислат дека вашиот партнер е перфектен за вас, но вам нешто не ви е како што треба. Не се чувствувате целосно исполнети. Во овој случај иако нема конкретна причина зошто да прекинете со партнерот, тоа што само се чувствувате како да има нешто што ве спречува да сте сигурно дека е вистинскиот/та е големо црвено знаменце.

3. Се плашите да бидете сингл

Најверојатно и најлошата причина зошто да останете во врска. Да бидеш сингл може да ти изгледа неверојатно страшно а кога си во врска се криеш во некаква комфор зона. Подари си го заслуженото време сам за себе и тргни во нови авантури. Секогаш ќе има лоши денови независно дали си во врска или не, но никогаш не треба да се задоволуваме со помалку само поради страв од непознатото.

4. Се плашите од скршено срце и осаменост, и затоа чекате да се појави некој нов што ќе ви помогне да заборавите на поранешниот

Пред да ја прекинете врската сакате да имате некој нов потенцијален партнер со цел да ја избегнете болката што доаѓа со раскинувањето. Но болката секогаш ќе стигне до вас и неможете да ја одбегнете. Таа е дел од процесот на раскинувањето и не е ништо толку страшно. Подобро да се справите со едно раскинување како што треба отколку да си ја уништите и новата врска и да се ставите во уште понепријатна ситуација.

5. Се плашите дека нема да најдете некој подобар

Нормално е да се прашувате дали ќе најдете некој подобар, но вистината е дека ако останувате со некој само поради тоа што се плашите дали ќе најдате некој подобар, најверојатно и ќе најдате. Дефинитивно неможе да биде полошо отколку цел живот да се прашуваш и да се каеш за изборот што не си пробал нешто ново. Времето кое го поминуваш во врска која знаеш дека нема иднина е изгубено време, во кое можеш да имаш безброј авантури и можности за личен напредок.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава