Два љубовни проблеми кои ги имаат дури и најсреќните парови

Не постои врска или брак кој нема барем еден проблем. А, од  тој еден сигурно произлегуваат и уште неколку поситни.

dva-ljubovni-problemi-koi-gi-imaat-duri-i-najsreknite-parovi-001.jpg

Па, затоа не бидете во заблуда дека постои такво нешто како „совршено среќна врска“.

Според психолозите, дури и најсреќните парови се борат со 2 љубовни проблеми. Тоа се:

„Траен“ конфликт

Ниту една бајка не е реалност, па затоа без двоумење тврдиме дека секоја пар има барем 1 нерешлив конфликт. Понекогаш тоа се малите работи како мрзата зошто едниот никогаш не сака да измие садови, а понекогаш тоа се поголеми работи. Еден психолог тврди дека дури 69% од кавгите на паровите се сведуваат на тој проблем, без разлика од што и како почнале. И нереално би било да очекувате да го решите. Многу е пореално да очекувате доза на компромис и толеранција.

Голтање на емоциите

Понекогаш веднаш реагираме на проблематичната ситуација и во истата секунда го изразуваме ставот и мислењето, но почесто решаваме да ги стиснеме усните, да премолчиме и да проголтаме по некоја емоција. И покрај тоа што сите знаат каква штета може да направи игнорирањето на проблемите и замолчувањето на емоциите, нема човек кој ја нема оваа навика. Затоа, не верувајте во тоа дека вие сте единствените кои избувнуваат заради стари проблеми и нервози.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава