Мажите одговараат: Кога е „правилно време“ за првиот сексуален однос со нова партнерка?

Управувањето со развојот на врската е доволно тешко само по себе, без притоа да се земе предвид неизбежното прашање за тоа кога да се премине на следното ниво во врската.

mazite-odgovorija-koga-e-idealno-vreme-za-prviot-seksualen-odnos-so-nova-partnerka-2.jpg

Сосема е јасно дека ваквите одлуки се различни за секој пар, но секогаш е интересно да се слушне спротивната перспектива, особено ако сте активни на тема состаноци и врски.

Така, корисниците на „Reddit“, еден од најпознатите социјални агрегатори во САД, одлучиле да го споделат своето искуство на тема „Прво сексуално искуство со нов партнер“.

Во продолжение прочитајте што мислат и какво искуство имаат мажите на оваа тема:

„Јас „инвестирам“ во нешто многу повеќе отколку само секс. И навистина можам да вложам многу време во тоа, можеби и 3-6 месеци... Колку и да е потребно.“ - Femabrown 31 година.

„Еден до три состаноци. Јас сум навистина опуштен кога е во прашање сексот, а тоа го барам и од партнерките со кои излегувам. Ако не сме на иста „бранова должина“, во тој случај не си го губам времето со некоја која не ми е компатибилна.“ - RA_ACCOUNT, 52 години.

„Чекам најмногу 1 месец, и тоа исклучиво во ситуации доколку девојката навистина многу ми се допаѓа“ - SYKILIK101, 26 години

„Сега сум женет, но јас и жена ми прв пат имавме секс по само неколку состаноци. Бевме во доцните 30-ти години, па на сексот не гледавме како на нешто многу значајно.“ - AKANOTMYMAINREDDIT, 41-година.

„Јас чекам веќе една и пол година во мојата сегашна врска. Мојата девојка е невина, па донесовме одлука да немаме секс до брак. Како што можете да заклучите, јас сум во „ова“ веќе подолго време.“ - THROWPOSTING, 29 години.

Очигледно е дека и мажите имаат поделено мислење кога е во прашање првиот сексуален однос со нова партнерка. Дали се согласувате со ова, останува на вас.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава