Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Момци откриваат: Која е најголемата лага што ѝ ја кажав на девојка ми?

Речиси е невозможно да се одржи долга и здрава врска, без тука и таму да ви се поткрадне и некоја лага. За што сè лажат припадниците на посилниот пол?

momci-otkrivaat-koja-e-najgolemata-laga-shto-i-ja-kazhav-na-devojka-mi-1.jpg

Од слатки и невини лаги, како што се комплиментите за кулинарските вештини на љубената, дури и кога реално се незаслужени, па сè до многу пострашни тајни, како извршена прељуба, момците не секогаш им ја говорат вистината на своите партнерки.

Запрашани за најголемата лага која ѝ кажале на девојката, петмина припадници на посилниот пол ги открија следните:

„На девојката ѝ реков дека ги обожувам нејзините пријателки, иако искрено немам поим зошто се дружи со нив. Грозни се и целосно неповрзани со неа, ама знам дека ги сака, па лажам дека ги сакам и јас.“

momci-otkrivaat-koja-e-najgolemata-laga-shto-i-ja-kazhav-na-devojka-mi-2.jpg

„Ѝ реков дека никогаш ништо не сум имал со својата најдобра другарка, што секако не е вистина. Бевме пријатели со бенефиции речиси година дена. Сега сме само пријатели, но кога би ѝ го кажал тоа на девојка ми, не би ми дозволила да се дружам со пријателката, со која навистина сум сега само пријател.“

„Ја излажав девојка ми дека нејзините грозни лазањи се најдобрите лазањи кои некогаш сум ги пробал, затоа што видов дека моето мислење многу ѝ значи. За жал, поради тоа сум приморан везден да јадам лазањи, а со секој нов оброк, мојата лага станува сè полоша, сè поблабока и сè покомплицирана, и знам дека нема шанси некогаш да се извлечам.“

momci-otkrivaat-koja-e-najgolemata-laga-shto-i-ja-kazhav-na-devojka-mi-3.jpg

„Знам дека е ужасно, но ја бакнав најдобрата пријателка на девојка ми, додека ја возев до дома. Се разбира, ја лажам по тоа прашање и нема шанси било кога да ѝ кажам, а секогаш кога ќе ги видам заедно, се чувствувам како комплетен кретен.“

„Еднаш ја излажав девојката дека сум свршил, иако, всушност, доживеав нагла демотивација во текот на сексот, заради која не можев да продолжам понатаму. А, демотивацијата се случи поради тоа што девојка ми не беше баш претерано...истуширана.“

momci-otkrivaat-koja-e-najgolemata-laga-shto-i-ja-kazhav-na-devojka-mi-4.jpg

За што најчесто лажете вие?

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg