5 можни знаци дека вашиот партнер ве изневерува

Кога ќе почнете да се сомневате дека вашиот партнер ве изневерува внимавјте да не сте само параноични. Немојте да се расфрлате со лажни обвинувања додека не сте сигурни. 

5-sigurni-znaci-deka-vasiot-partner-najverojatno-ve-izneveruva-1

Сепак постојат неколку црвени знаменца кои ако ги забележите на време можете да се заштите од несакана болка, но во исто време внимавајте да не се задлабочите многу во анксизоност и параноја, затоа што на тој начин можете да го оттурнете парнерот од себе:

1. Помалку секс

Значително намалување на желбата за интимност кај партнерот е сериозен сигнал кој треба да се преиспита. Можеби изворот доаѓа од друго место и не е во прашање неверство но во секој случај вреди да разговарате за тоа. Но,секако ќе забележите ако го добива сексот од другото место.

2. Чудно се однесува околу телефонот

Во идеален свет би било прекрасно цело време да му веруваме на партнерот за тоа со кого си пишуваат или разговараат на телефон. Но, ако видите дека станува нервозен/на кога добива пораки или повици, ако се плаши телефонот да стои во вашите раце или едноставно почнува да го крие и ви кажува чудни изговори за тоа каде му е или зошто му е исклучен, тогаш е време сериозно да се загрижите.

3. Ако почне да спомнува некоја нова личност со која не сте запознаени

Го знаете она чувство кога ќе запознаете некој кој ви се допаѓа и не можете да престанете да зборувате за него? Па, многу е веројатно вашиот партнер да биде возбуден и не сакајќи да ја спомнува таа личност повеќе отколку што треба во ваше присуство.

4. Неговите/Нејзините пријатели се однесуваат чудно

Пријателите ќе останат верни во секој случај. Тие нема да ви кажат дека нивниот пријател ве изневерува, можеби ќе се чувствуваат како да грешат и нивното однесување ќе се промени кога вие сте наоколу додека во исто време ќе ја чуваат тајната. Можеби ќе забележите по некои муабети со кои сакаат да ви спомнат да бидете повнимателни и дека на никого не треба да се верува, или ќе пробаат да видат дали му верувате со некои чудни прашања, а понекогаш може да биде само поглед кој ќе си го разменат по кој ќе сфатите дека нешто не е во ред.

5. Ако претходно ве изневерил/а

Можете да простите но не и да заборавите. Тие што еднаш изневериле е многу веројатно дека повторно ќе го направат истото токму поради тоа што не чувствуваат многу грижа на совест. Еднаш ви докажал/а дека е способен/на да ве изневери, веќе ги знаете сите знаци дека нешто не е во ред, затоа во тој случај верувајте на вашата интуиција. Сепак, не вреди да го поминувате времето со некого во кого немате доверба.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава