Како да го надминете раскинувањето, ако вие сте ставиле крај на врската?

Кога е прекинот на љубовниот однос во прашање, многу почесто се говори за „оставените“ личности. Но, и особата која го иницирала раскинувањето подеднакво страда, па потребно ѝ е да ја преболи ситуацијата.

kako-da-go-nadminete-raskinuvanjeto-ako-vie-ste-stavile-kraj-na-vrskata-001.jpg

За да го надминете раскинувањето, ако вие сте ставиле крај на врската, ова се советите кои може да ви помогнат тоа да го направите што побрзо:

Немајте грижа на совест

Иницијаторите на раскинувањето најчесто имаат големо чувство на вина, особено кога ќе видат дека другата особа пати. Но, доколку прекинот на врската е она што сте го сакале, тогаш не допуштајте туѓите зборови да ве уверат дека сте постапиле погрешно. Секој има право да излезе од врската која не му одговара.

Не се претворајте во психолог

Често, на партнерот што го оставате ќе му биде потребна поддршка, а ако сакате и подготвени сте да му  ја пружите – во ред е. Но, не дозволувајте таа иста иста личност да ве увери дека тоа е ваша работа. Секој мора да помине низ одредени фази за да го надмине раскинувањето, а фазата во која вие треба да бидете нечиј психолог не е една од нив.

Не се извинувајте

Ќе има и такви што многу ќе ви замерат на одлуката да ја прекинете врската, но немојте да дозволите тоа да ве поколеба и имате чувство дека мора да се извините. Никој освен вас не знае како сте се чувствувале во врската што сте одлучиле да ја прекинете, ниту, пак, било кому освен себе мора да му одговарате за сопствените постапки.

Продолжете понатаму кога и да сакате

Не постои правило околу тоа кога смее, или, пак, не смее да излегувате со некој нов партнер. Се разбира, секогаш ќе постојат такви кои ќе ви речат дека е прерано. Ваше е само да запомните дека е важно што вие мислите, а не што мислат сите останати.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава