Секој пар треба да доживее неколку „први пати“ во врската

Искуствата кои ќе ги доживеете за прв пат со партнерот се незаборавни и тие спомени ќе ги памтите засекогаш.

sekoj-par-treba-da-dozhivee-nekolku-prvi-pati-vo-vrskata-01_copy_copy_copy.jpg

И не мислиме само на првиот пат кога ќе водите љубов. Постојат неколку работи кои се прават прв пат, а се исто толку интимни и на ист начин ќе ве зближат со партнерот и ќе ви ја зацврстат врската.

Првото плачење

Споделување на емотивни моменти со некој што го сакаш е навистина посебно искуство. Ве поврзува со партнерот на едно ново ниво, без разлика дали станува збор за солзи од среќа или тага.

Првото патување

Многу парови велат дека првото заедничко патување е највозбудливо и патување кое се памти цел живот. Првото патување претставува своевиден тест за врската и за тоа колку сте компатибилни и како се снаоѓате во секојдневните ситуации.

Првата голема кавга

Сте се налутиле еден на друг, некој некого изнервирал со својата постапка или едноставно не ви е денот.  Првата голема кавга ќе ве научи како да бидете потолерантни и да направите компромис за важните работи.

 sekoj-par-treba-da-dozhivee-nekolku-prvi-pati-vo-vrskata-02.jpg

Првиот секс по кавга

Целиот бес и нервоза некако преминуваат во сексуална желба. Ова е дефинитивно нешто што многу парови го практикуваат и го препорачуваат.

Првиот ден поминат сами дома

Цел ден сте слободни и  одлучувате да го поминете дома заедно. Прв пат се опуштате во тренерки, со пица и филм. Супер поминато време, зарем не?

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава