Знаци кои укажуваат на тоа дека сте се оддалечиле со партнерот

Во периодот пред да ставите крај на врската со партнерот, сигурно сте поминале низ фаза во која се прашувате што тргнало наопаку и кога толку сте се оддалечиле.

znaci-koi-ukazhuvaat-na-toa-deka-ste-se-oddalechile-so-partnerot-01.jpg

Кога ќе ги имате одговорите на овие прашања, одлучувате дали е време за вистински крај или ви треба само пауза еден од друг. Понекогаш, особено кај подолгите врски, се прашувате како е можно некој кој ми бил толку близок сега да го чувствувам толку туѓ и далечен? Дали е тоа причината што се чувствувам вака или нешто друго?

Овие неколку знаци укажуваат на тоа дека постепено се оддалечувате со партнерот:

Еден од вас постојано бара повеќе простор за себе

Во фазата на отуѓување или презаситеност еден од друг, обично еден партнер, а понекогаш и двајцата, постојано потенцираат дека им треба повеќе време за себе.

За да го решите овој проблем, разговарајте отворено и договорете се како ќе продолжите понатаму.

Често се јавува нервоза

На почетокот на врската, сите оние мали маани кај партнерот ви беа симпатични, па дури и не ги ни забележувавте после некое време. Но, во последно време се нервирате зошто не се измиени садовите или зошто не ви одговорил на пораката. Нервозата е до тој степен голема, што почнувате кавга за сé што ви лежи на душа.

Ова е дефинитивно знак дека ви треба малку одмор еден од друг.

Се криете зад телефоните

Толку многу одбегнувате конфронтација и вистински разговор, што заедничкото време го поминувате загледани во телефоните, или пак комуницирате само преку пораки. Ова може да укажува на презаситеност и потреба да бидете сами.

Седнете и отворете ги картите како возрасни, па решете што понатаму.

znaci-koi-ukazhuvaat-na-toa-deka-ste-se-oddalechile-so-partnerot-02.jpg

Почесто мислите на минатото, отколку на иднината

Првиот состанок, првиот бакнеж, првото заедничко патување се спомени на кои често се навраќате и тоа е во ред. Но, ако постојано мислите како било некогаш, а не како ќе биде во иднина, можеби нешто не е во ред во врската. Размислете каде сте биле, што сте постигнале и како и дали можете и сакате да го поправите односот.

Одговорот на овие прашања ќе ви каже што треба да направите следно.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава