Вечни госпоѓици: 7 типови на девојки со кои мажите не сакаат да се оженат

Повеќето припадници на посилниот пол, ваквите жени ги сметаат за непогодни за брак. Дали и самите спаѓате во оваа група?

vechni-gospogjici-7-tipa-na-devojki-so-koi-mazhite-nejkjat-da-se-ozhenat-1.png

За премин од госпоѓици во госпоѓи, ова се седумте типови на девојки кои најчесто наидуваат на непроодна патека до срцето на мажот:

1. Госпоѓицата „љубоморна“

Таа е секогаш недоверлива и сомничава, а дури и да била повредена во минатото, тоа не е изговор за така да се однесува во сите врски. Затоа што никој не сака постојано да биде „осомничен“, во повеќето случаи мажите раскинуваат со таквите девојки.

vechni-gospogjici-7-tipa-na-devojki-so-koi-mazhite-nejkjat-da-se-ozhenat-2.jpg

2. Госпоѓицата која наредува

Првично, на мажите ќе им биде симпатично, бидејќи сакаат амбициозни жени кои знаат што сакаат, но покасно, ќе сфатат дека тоа и не е баш толку добра идеја, чувствувајќи се како некој постојано да им кажува што треба да прават. Доколку се препознавате во описот, обидете се да преземете нешто по тој повод.

vechni-gospogjici-7-tipa-na-devojki-so-koi-mazhite-nejkjat-da-se-ozhenat-3.jpg

3. Госпоѓицата која игра игри

Понекогаш, играњето игри е сигурно забавно, но долгорочно, тоа може негативно да влијае на вашиот однос. На почеток, мажот ќе биде заинтересиран за девојката што е тешка за освојување, но порано или подоцна, ќе посака да биде со девојка која не игра игри и која не му е толку недостижна.

vechni-gospogjici-7-tipa-na-devojki-so-koi-mazhite-nejkjat-da-se-ozhenat-4.jpg

4. Госпоѓицата која бара таткова фигура

Експертите велат дека овој тип на жени излегуваат со постари и поимотни мажи, бидејќи всушност трагаат по татковата фигура. Првин, зрелите мажи ќе бидат поласкани, затоа што млади девојки сакаат да излегуваат со нив, но, по некое време, ќе сфатат дека потребно им е „да разрешат“ одредени работи, пред да се скрасат.

vechni-gospogjici-7-tipa-na-devojki-so-koi-mazhite-nejkjat-da-se-ozhenat-5.jpg

5. Госпоѓицата која никогаш не јаде

Сакајќи добро да изгледаат, една од најчестите грешки што жените ја прават е – не јадат. Тоа не е здраво однесување, а на долги патеки, би можело и да ви создаде сериозни последици.

vechni-gospogjici-7-tipa-na-devojki-so-koi-mazhite-nejkjat-da-se-ozhenat-6.jpg

6. Госпоѓицата која сака да го промени

Мисијата да го променат партнерот, како би им одговарал на личните желби и потреби, претставува уште една честа грешка што жените ја прават во врската. Можеби и постои маж кој ќе ви допушти да го промените, но мнозинството мажи, за овој тип на жени сметаат дека се непривлечни.

vechni-gospogjici-7-tipa-na-devojki-so-koi-mazhite-nejkjat-da-se-ozhenat-7.jpg

7. Госпоѓицата која сака да озборува

Ваквиот тип на жени се опседнати со „трач-муабети“, а вистински уживаат додека зборуваат за другите луѓе и нивните проблеми. На малкумина мажи, можеби и ќе им биде интересно на почетокот, но по извесен период, единствената работа што ќе посакаат да ја направат е да си заминат.

vechni-gospogjici-7-tipa-na-devojki-so-koi-mazhite-nejkjat-da-se-ozhenat-8.jpg

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава