5 работи кои ви се случуваат со телото откако ќе раскинете

Раскинувањето е тежок процес и период низ кој секој човек барем еднаш поминал.

5-raboti-koi-vi-se-slucuvaat-so-teloto-otkako-ke-raskinete-01.jpg

Емоциите ви се бурни и не можете да ги смирите, главата исто така ви е во блага хаотична ситуација, но она на што никогаш не помислуваме е како сето тоа се одразува врз телото?

Има 5 работи кои со сигурност ви се случуваат откако ќе раскинете:

1. Болка во градите

Истражувањата покажале дека луѓето кои биле оставени од партнерот чувствуваат физичка болка, како во ситуација кога се истурени со жежок пијалак или ќе се изгорат. Токму таа болка се манифестира во пределот на градите. Исто така, може да биде проследена и со аритмија.

5-raboti-koi-vi-se-slucuvaat-so-teloto-otkako-ke-raskinete-02.jpg

2. Проблеми со кожата

Хормонскиот дисбаланс се одразува на здравјето и убавината на кожата. Па, така, не се чудете доколку по раскинувањето забележите повеќе мозолчиња и акни.

5-raboti-koi-vi-se-slucuvaat-so-teloto-otkako-ke-raskinete-03.jpg

3. Болка во мускулите

Психичката болка често се пренесува и во облик на физичка, па ништо чудно да завршите со грчење на мускулите.

5-raboti-koi-vi-se-slucuvaat-so-teloto-otkako-ke-raskinete-04.jpg

4. Анксиозност и проблеми со сонот

Луѓето се програмирани на тој начин да имаат потреба од друг човечки контакт, па кога ќе го изгубиме, чувствуваме болка. Токму таа болка ни ја стимулира анксиозноста, бидејќи на некој начин се „одвикнуваме“ од некој на кој сме биле „навлечени“.

5-raboti-koi-vi-se-slucuvaat-so-teloto-otkako-ke-raskinete-05.jpg

5. Губење на апетитот или дебелеење

Стресот на секого влијае различно, па дел од луѓето по раскинување чувствуваат зголемен апетит, додека дел целосно ја губат желбата за храна.

5-raboti-koi-vi-se-slucuvaat-so-teloto-otkako-ke-raskinete-06.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава