Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 типови на однесување поради кои жените ќе ви кажат: НЕ!

Жените сакаат мажи што го прават првиот чекор, но „пијавиците“ кои не умеат да прифатат одбивање, со сигурност не се на таа листа.

5-tipovi-na-odnesuvanje-poradi-koi-zhenite-kje-vi-kazhat-ne-1.jpg

Притоа, ниту девојката што ќе ве одбие е „невоспитана кучка“, ниту пак, тоа го прави бидејќи „не знае што навистина сака“.

Едноставно, постојат пристапи кои не проаѓаат кај мнозинството припаднички на понежниот пол, иако мажите честопати ги форсираат.

А, петте типови на однесување кои им се одбивни на повеќето жени се:

1. Преагресивен настап

Вистина е девојките сакаат мажи што преземаат иницијатива, но наметливите и напорни „фраери“ кои не знаат да прифатат „не“ како одговор, дефинитивно не влегуваат во таа категорија.

5-tipovi-na-odnesuvanje-poradi-koi-zhenite-kje-vi-kazhat-ne-2.jpg

2. Споредби со други жени

Не, неа не ја интересира дали вам ви изгледа подобро или полошо од жената со која ја споредувате. Едноставно, споредбите од тој тип не ја занимаат.

5-tipovi-na-odnesuvanje-poradi-koi-zhenite-kje-vi-kazhat-ne-3.jpg

3. Навредување на бившата

Дури и да била најлоша на свет, тоа не е нешто кое една девојка би сакала да го слушне од вас, кога допрва се запознавате меѓусебно.

5-tipovi-na-odnesuvanje-poradi-koi-zhenite-kje-vi-kazhat-ne-4.jpg

4. Барање разголени фотки

Сѐ почеста појава е во светот на онлајн флертувањето, ама повеќето жените и понатаму не ја поднесуваат.

5-tipovi-na-odnesuvanje-poradi-koi-zhenite-kje-vi-kazhat-ne-5.jpg

5. Праќање разголени фотки

Убаво е да сте горди на своето тело, стомачните мускули, па дури и половиот орган, но доколку жената не ви побарала таква фотографија, или барем ви дала до знаење дека посакува да ве види во разголено издание, тогаш не притискајте „send“.

5-tipovi-na-odnesuvanje-poradi-koi-zhenite-kje-vi-kazhat-ne-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
Повозрасни жени откриваат: „Да бирав одново партнер, која карактеристика ќе сакав да ја има?“ „Клучно би ми било да знае да готви и чисти, а не да се однесува како дете за ко...
Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg