5 причини поради кои не е добро предолго да бидете сингл

Секако дека е подобро да бидете сами отколку да бидете во лоша врска, но понекогаш и самотијата има свои недостатоци.

5-prichini-poradi-koi-ne-e-dobro-predolgo-da-bidete-singl-001.jpg

Да се биде сингл понекогаш е прекрасно искуство заради многу причини кои веќе сигурно ви се познати, но тоа не значи дека оние кои сакаат да се сингл, се најсреќни.

Слободата е убава сама по себе, но и оние кои најмногу уживаат во неа, поминуваат низ кризни моменти.

5 работи кои се предизвикани од предолгиот сингл статус:

Страв од осаменост

Сингл луѓето го живеат во целост животот и секогаш се опкружени со пријатели. Но, ако се случи да поминат неколку вечери по ред и да немаат друштво бидејќи сите се во пар, може да се почувствуваат осамено, па дури и депресивно.

Мрзеливост

Да немате обврски е одлично, но понекогаш тоа може да предизвика голема мрзливост. Зошто да се трудите и подготвувате за излегување кога пижами и филм се многу подобра опција за петок вечер?

Запуштање

„Не морам да се депилирам/бричам“ може да биде големо олеснување, но ако тоа трае неколку дена, а не неколку месеци како што може да биде случај со дел од сингл девојките и момците. Секогаш треба да бидете средени и подготвени за нови авантури.

Не постои компромис

Оние кои се навикнале да бидам сами, се научиле дека можат да прават што сакаат, кога сакаат и со кого сакаат, а тоа може да биде проблем кога ќе влезат во нова врска.

Новите момци/девојки се напорни

После долга сингл фаза, секое излегување со нов дечко е напорно, бидејќи бара премногу труд, а вие сте научени на опуштен живот без обврски. Па затоа оние кои долго биле сингл, често се откажуваат од новите луѓе кои не им одговараат на прв поглед, а да им дадат уште една шанса им звучи како преголем напор.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава