Што треба да знае секоја жена која била изневерена?

Неверството е една од најлошите работи која може да се доживее во една врска или брак.

shto-treba-da-znae-sekoja-zhena-koja-bila-izneverena-001.jpg

Без разлика дали се случило на почетокот или понатаму во врската, остава траги кај секоја жена кои многу тешко се надминуваат. Сепак, постојат начини како неверството помалку да боли и барем малку да се поштедите од сите негативни чувства кои произлегуваат од него.

Ако сте биле изневерени, треба да ги знаете следниве работи:

Не го барајте него во некој друг

Ако еднаш ве изневерил, многу е веројатно тоа да го стори пак. Таков маж не е добар за вас, па обидете се да најдете некој со различни особини.

Не се споредувајте со другата жена

Никако не се спуштајте на нивото на жената со која партнерот ве изневерил. Не се споредувајте со неа и запаметете дека вие сте подобра од неа, а и заслужувате подобар партнер.

Не се обвинувајте себеси

Сигурно и двајцата сте правеле грешки во врската, но тоа не значи дека сте заслужиле неверство. Не се обвинувајте себеси за тоа што ви се случило. Одговорноста е единствено на оној кој изневерил.

Има луѓе што навистина ве сакаат

Жените кои биле изневерени често знаат да паднат во депресија и самосожалување, но не очајувајте. Имате вистински пријатели кои ве ценат и ве сакаат такви какви што сте. Тие го заслужуваат вашето внимание и ќе ви помогнат да ги пребродите тешките моменти.

Ќе најдете среќа

Можеби во овие моменти сè ви изгледа безнадежно, но бидете сигурни дека среќата ве чека. Дајте си време да ги поминете тешките моменти, а потоа полека почнете да се враќате во нормала и да се отворите кон нови нешта.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...

Најчитани неделава