Жени откриваат: Која е најбедната лага што ја слушнав во врската?

Врска без мали лаги кои го олеснуваат секојдневието – тешко дека ќе најдете. Сепак, постојат лаги кои не се мали, а ни слатки, ниту пак, нешто олеснуваат.

zheni-otkrivaat-koja-e-najbednata-laga-shto-ja-slushnav-vo-vrskata-1.jpg

Запрашани да ги споделат најбедните лаги кои ги слушнале од партнерот, пред да стават конечен крај на својата „среќна“ врска, неколку припаднички на понежниот пол ги открија следните:

„Тоа ми е пријателка, престани да бидеш љубоморна!“

- За девојката со која ме изневеруваше последните година дена од нашата врска.

zheni-otkrivaat-koja-e-najbednata-laga-shto-ja-slushnav-vo-vrskata-2.jpg

„Ќе се променам, само дај ми уште една шанса...“

- Откако го оставив бидејќи беше ужасен кон мене. Не се промени.

Може да излезете и ти и твоите пријателки со нас, ама досадно ќе ви биде.“

- Секој пат кога ќе се спомнеше заедничко излегување.

„Бившата ми се јави мене, не сум јас крив!“

- А сѐ сам имал иницирано.

zheni-otkrivaat-koja-e-najbednata-laga-shto-ja-slushnav-vo-vrskata-3.jpg

„Не знам која е девојкава што постојано ме бара на Фејсбук.“

- Се разбира дека знаеше.

„Не сум ѝ го дал мојот број.“

- Ѝ го дал, дури и ако можеби не се ни сеќава.

„Ќе ми се исклучи мобилниот...ти се јавувам подоцна!“

- Долго време мислев дека има проблем со батеријата, а го немаше.

zheni-otkrivaat-koja-e-najbednata-laga-shto-ja-slushnav-vo-vrskata-4.jpg

„Ма, тоа се некои глупачки кои ни се ставија на маса.“

- За „глупачките“ што тој и неговите пријатели цела ноќ ги честеле пијалаци. 

„Никогаш не сум те изневерил.“

- Неколку минути пред да му кажам со која точно е виден дека ме изневерува.

zheni-otkrivaat-koja-e-najbednata-laga-shto-ja-slushnav-vo-vrskata-5.jpg

После која лага би му рекле на партнерот – доста беше!?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава