Девојки признаваат: Колку често го шпионирам бившиот на Фејсбук?

Се сеќаваме на времињата кога шпионирањето на бившите бараше многу труд и време. Денес, пак, доволни се само неколку клика, за да дознаеме каде е, со кого и што точно прави нашиот поранешен партнер.

devojki-priznavaat-kolku-chesto-go-shpioniram-bivshiot-na-fejsbuk-1.jpg

Независно од моменталниот емотивен статус, честопати знаеме да „фрлиме око“ на профилот на бившите, од чиста љубопитност, носталгија, или, пак, некоја сосема трета причина. Но, не сите се спремни тоа и да го признаат, па дури ни на најблиските.

Запрашани да откријат колку често го шпионираат бившиот на Фејсбук, неколку девојки ги дадоа следните искрени одговори:

„Не го правам тоа на начин со кој вистински истражувам. Но, бившиот и јас сме и понатаму пријатели на Фејсбук, па секој ден гледам што точно прави.  Не дека нешто претерано ме интересира, но не ни лошо да се види како му оди без мене, особено ако баш и не му оди добро.“

devojki-priznavaat-kolku-chesto-go-shpioniram-bivshiot-na-fejsbuk-2.jpg

„Бившиот го шпионирам само кога имам проблеми во својата врска. Не знам точно зошто, поприлично сум сигурна дека не чувствувам ништо кон него. Ама, кога ќе се скарам со дечкото, некако ме смирува гледањето на профилот на фраерот со кој сум била пред него. “

„Со оглед на тоа дека ме блокираше, тешко ми е да дојдам до него, па го шпионирам преку профилите на своите пријателки. Тие ми јавуваат кога се случува нешто занимливо, па така ги дознавам сите трачеви.“

devojki-priznavaat-kolku-chesto-go-shpioniram-bivshiot-na-fejsbuk-3.jpg

„Не го шпионирам бившиот, бидејќи не ме интересира што прави. Мислам дека претераното бавење со минатото е најдобар начин да останете да живеете во него, а јас тоа никако не го сакам.“

„Неколку пати месечно го впишувам неговото име во полето за пребарување, само за да видам кој од нас двајцата е победникот, а кој поразениот после раскинувањето. Знам дека звучи мизерно, но не можам да си помогнам.“

devojki-priznavaat-kolku-chesto-go-shpioniram-bivshiot-na-fejsbuk-4.jpg

Во кој одговор најмногу се пронаоѓате себеси?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...

Најчитани неделава