Добар дечко или добар глумец: Која е разликата?

По овие нешта ќе видите дали вашиот дечко е навистина добар, или, пак, само глуми дека е таков.

dobar-dechko-ili-dobar-glumec-koja-e-razlikata-1.jpg

Ни се чини, или, добрите дечки веќе се загрозен вид на луѓе?

Толку се ретка појава, што повеќето од нас веќе не би знаеле ни да препознаат еден реален, вистински добар дечко.

dobar-dechko-ili-dobar-glumec-koja-e-razlikata-2.jpg

А, уште помалку оној лажниот, кој само глуми дека е добар, иако во суштина не е ни најмалку таков.

Добар дечко или добар глумец – која е разликата? Ви ја откриваме во продолжение од текстот:

Што ќе каже кога ТОЈ нема време?

Добар глумец: Ќе ги откаже вашите планови и ќе рече дека му е жал, но ќе биде сосема јасно дека тој само чекал да му влета нешто подобро.

Добар дечко: Никогаш нема да ги откаже вашите планови, доколку му влетало нешто подобро, бидејќи за него и не постои подобра работа од вашите планови.

Што ќе каже кога ТИ немаш време?

Добар глумец: Ќе ви набива грижа на совест и ќе говори дека тој секогаш би нашол време за вас.

Добар дечко: Нема да биде најсреќен на свет што нема да се видите, но ќе се обиде да ве орасположи и даде до знаење дека сфаќа дека сте зафатени.

dobar-dechko-ili-dobar-glumec-koja-e-razlikata-3.jpg

Што ќе каже за бившата?

Добар глумец: Сѐ најлошо, а набрзо потоа ќе нагласи дека не сака така да зборува за другите, но дека во нејзиниот случај мора.

Добар дечко: Не нужно сѐ најдобро, но бившата е зад него, па не сака да зборува за нејзе – ниту добро, ниту лошо, а особено не пред вас.

Што ќе каже за себе?

Добар глумец: „Јас сум добар дечко, знаеш.“

Добар дечко: Ќе ви покаже дека е добар дечко, а нема за тоа да зборува.

dobar-dechko-ili-dobar-glumec-koja-e-razlikata-4.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава