Зошто љубовта помеѓу колегите не е паметна идеја?

Наутро заедно се будите, го пиете кафето заедно, заедно одите на работа, заедно имате пауза за ручек, па дури сте заедно и на состаноци.

zoshto-ljubovta-pomegju-kolegite-ne-e-dobar-izbor-01.jpg

Паровите кои работат на исто место поминуваат многу време еден со друг.

На почетокот, тоа можеби е возбудливо, но ако тие не се во состојба да го одвојат приватниот од професионалниот живот, можни се непријатни ситуации.

Според истражувањата, секој 7-ми вработен е во некаква врска со колега од работа.

Можно е да се пронајде животниот партнер на работа, но сепак е подобро да ги избегнувате ваквите врски колку што е можно повеќе.

Ако тоа сепак се случи, прво е прашањето како да се однесувате со другите колеги.

Професионалците советуваат на отворен однос, освен ако не се работи за една вечер или вонбрачна авантура. Во спротивно, на трачот ќе му нема крај.

Compassion-at-work.jpg

Работодавецот не може да ги забрани врските помеѓу колеги, иако во некои поголеми компании се случува и тоа.

Сепак, доколку смета дека тоа негативно влијае на фирмата, можно е да следи „непријатниот разговор со шефот“.

Доколку одлучите дека треба да бидете заедно, а видите дека тоа негативно влијае на работата, направете некој договор. На пример, дома нема да зборувате за работата, а на работа нема да ручате заедно.

Друг проблем со врските со колеги е тоа што не мора да значи дека одморот ќе го добиете во исто време, па така сите планови може да ви се срушат.

И за крај, што кога љубовта ќе исчезне?

Крајот на врските ретко кога е без проблеми, а замислете како тоа би изгледало помеѓу колеги.

Ќе мора да се гледате секој ден на работа, па уште и заедно да работите, комуницирате, да се дружите и да изгледате како сѐ да е во ред (кога не го сакате тоа).

После разделбата, за опоравување најчесто е потребна дистанца, па неретеко се случува некој од партнерите да ја напушти фирмата.

Би си ја ризикувале ли вие работата за една авантура?

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава