3 вистински причини поради кои не ви одговара на пораките

Помалку или повеќе, приказната е секогаш иста. Сте започнале да се допишувате, сѐ ви изгледало многу надежно, а одеднаш – тој само се повлекол и престанал да одговара.

3-vistinski-prichini-poradi-koi-ne-vi-odgovara-na-porakite-1.jpg

Зошто не ми одговори?“ е прашањето коешто и понатаму доминира во разговорите на жените, на кои не им е јасно однесувањето на мажот со кого се допишуваат.

Може да се залажувате дека е презафатен, или, пак, да се убедувате дека сѐ е само игра со цел уште повеќе да го привлече вашето внимание…

3-vistinski-prichini-poradi-koi-ne-vi-odgovara-na-porakite-2.jpg

Но, ова се вистинските причини поради кои мажите едноставно веќе не одговараат на пораките:

Претходно одговарал само од пристојност

Што да направите кога ви се јавува девојка која не ви се допаѓа? Не е пристојно веднаш да ѝ дадете „корпа“, а повеќето добро воспитани фраери ќе вложат малку труд, па ќе одговорат на неколку пораки. Секако, сѐ има свои граници, а тој ќе ја повлече својата, кога ќе забележи дека девојката мисли дека работите делуваат перспективно за нив двајцата...иако тој само сакал да биде пристоен.

3-vistinski-prichini-poradi-koi-ne-vi-odgovara-na-porakite-3.jpg

Вашата порака не е единствената

Само затоа што неговата порака е единствената работа за која размислувате, не значи дека е иста ситуацијата и кај него. Мажите се мошне склони кон дејствување на повеќе страни, па ако вашите пораки се занемарени, едноставно не сте приоритет на неговата листа на испраќачи.

Му влетало нешто подобро

Вие се обидувате да го добиете неговото внимание, но веројатно не сте една и единствена. Ако порано делувал заинтересирано, а сега веќе не делува така, најлогичниот заклучок е дека повеќе не е заинтересиран за вас. Веројатно се појавила личност која му е многу позанимлива, а во такви ситуации е најпаметно да продолжите понатаму – и да го задржите достоинството.

3-vistinski-prichini-poradi-koi-ne-vi-odgovara-na-porakite-4.jpg

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава