За што најчесто девојките ги лажат дечковците?

Малите лаги ни го олеснуваат секојдневието, а секој што вели дека во врската е потполно искрен - веројатно лаже.

devojki-otkrivaat-za-shto-najchesto-gi-lazheme-dechkovcite-001.jpg

Запрашани да откријат за што најчесто ги лажат мажите со кои се во врска, неколку припаднички на понежниот пол открија дека тоа првенствено се ситниците, поради кои само би започнале непотребна кавга:

„Тоа не би го нарекла лажење, туку премолчување. На својот дечко му немам кажано дека колегата на работа секојдневно ми се додворува. Причините се очигледни. Само би бил нервозен, би размислувал што правам на работа, како и дали пак сум со него, а тоа никако не ми треба. Со колегата се справувам самата и не реагирам на неговото флертување, а што се однесува до дечкото, подобро е да не знае.“

„Го сретнав бившиот дечко во град и седнавме на кафе. Кога си дојдов дома, одлучив дека подобро е да не му споменам на сегашниот партнер, бидејќи само би се чувствувал лошо, а јас знам дека тоа кафе баш ништо не значи.“

devojki-otkrivaat-za-shto-najchesto-gi-lazheme-dechkovcite-2.jpg

„Го лажам за бројот на партнери кои сум ги имала пред него. Односно, само ги премолчувам оние кои биле неважни, затоа што не сакам дечко ми да мисли дека сум промискуитетна. Мажите имаат двојни стандарди кога е бројот на сексуални партнери во прашање, а мене воопшто не ми е по волја да го имам тој разговор.“

„Понекогаш, го лажам дека сум доживеала оргазам, иако не сум, бидејќи знам дека би се чувствувал лошо ако ја знае вистината. Не е до него, секогаш е до мене, но сигурна сум дека тој не би го гледал тоа на таков начин.“

devojki-otkrivaat-za-shto-najchesto-gi-lazheme-dechkovcite-3.jpg

„Го лажам дека кафето кое понекогаш ми го прави наутро е најдоброто кафе на светoт, иако всушност е поприлично лошо. Но, во моја одбрана, фактот дека го подготвува и ми го носи во кревет е толку прекрасен гест, што можам да го занемарам лошиот вкус.“

„Толку си голем и моќен – иако е сосема просечен. Мислам дека секоја жена ја користи оваа лага, бидејќи мажите многу сакаат да ја слушнат. Што би требала да му кажам? Толку си во границите на нормала? Ова звучи подобро.“

devojki-otkrivaat-za-shto-najchesto-gi-lazheme-dechkovcite-4.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава