Што е демисексуалност и како да ја препознаете?

Во последно време актуелни се темите за сексуалната ориентација на луѓето, но сите се фокусирани само кон хетеросексуалноста и хомосексуалноста.

dali-znaete-shto-e-demiseksualnost-i-kako-da-ja-prepoznaete-01.jpg

Овие два поима ни се добро познати, но има уште неколку различни видови за кои не сте знаеле.

Така на пример, оние луѓе кои се способни сексуално, емотивно и духовно да се заљубот во личност без разлика од кој пол е, се нарекуваат пансексуалци. Асексуалци пак, се оние луѓе кои не чувствуваат никаква сексуална привлечност, а луѓето пак, кои ги привлекува само романтиката, а не сексуалноста, независно од полот, се нарекуваат панромантичари.

За некои од овие поими можеби сте слушнале или прочитале некаде, но сега зборуваме за нешто сосема поразлично од претходните.

Дали знаете што е демисексуалност, или како што уште се нарекува „полусексуалност“ или „сива сексуалност“?

Овој поим означува состојба во која една личност може да почувствува сексуална привлечност кон некој друг, но само под услов да постои и силна емоционална врска.

Односно, демисексуалците, доколку претходно немале никаква емотивна поврзаност со партнерот, нема да чувствуваат никаква сексуална привлечност кон истиот.

За тоа како е да се бидете демисексуален, од лично искуство опишува новинарката на Washington Post, Мерил Вилијамс:

„Пред неколку години чувствував грижа на совест за тоа што ги преплашував луѓето со кои бев во врска. Не сакав да им објаснувам зошто не сум подготвена за интимен однос, бидејќи ги ставам интелектот и смислата за хуморот пред сексуалната привлечност. Ако мажот е културен и не изговори ништо навредливо, а дополнително и успее да ме насмее на првиот состанок, голема е веројатноста дека пак ќе излезам со него. Сепак, свесна сум дека позитивните особини на човекот не мора да бидат пресудни и за физичката привлечност. Едноставно потребно е трпение и да видиме што ќе се случи.“

И иако сексуалната ориентација и вкусот на сите нас ни е различен, сепак за демисексуалците постои само еден предизвик и услов, кои многумина го сметаат за асексуалност, но по примерот сфаќаме дека постои разлика.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
5 популарни митови за врските во кои треба да престанете да верувате Среќните парови никогаш не се расправаат, а партнерите мораат да имаат исти инте...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Како да му признаете на партнерот дека сте го излажале, без (премногу) да ги повредите неговите чувс... Важно е да се извините искрено, а ако станува збор за голема лага, немојте да го...
7 пози што ги знаат само оние што се искусни во секс и мора да ги пробате барем еднаш во животот (18... Одредени луѓе сакаат да се покажат што умеат во секој аспект од животот, но и во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg