12 машки квалитети пред кои жените „паѓаат“
Женската логика не секогаш е лесна за разбирање, но ако малку се потрудите, може да откриете чуда.

За да ви помогнеме, направивме листа од 12 квалитети кои жените без исклучок ги ценат и посакуваат кај мажите.
Никогаш нема да одбијат:
1. Машкост
Поточно, се работи за комбинација од храброст, приземјеност и цврстина, психичка и физичка.

2. Смисла за хумор

3. Грижа и обрнување внимание
Секоја жена сака маж кој внимателно ја слуша и оддава слика дека се грижи за она што таа го зборува. Секако, не заборавајте на деталите.

4. Упорност и енергичност

5. Дарежливост
И не зборуваме за материјална, туку за подарување на сопственото време.

6. Смисла за романтика

7. Уникатност
Не бадијала „тој не е како сите останати“ е омилената женска фраза.

8. Можност да се потпреш на него
Многу е полесно да сакаш маж кој е тука за тебе кога ти треба, отколку оној кој треба да го бараш под дрво и под камен.

9. Разбирање
Не го мешајте разбирањето со согласување. Не мора да се согласувате за секоја ситница, но важно е да разберете.

10. Добри манири

11. Вешто извршување на домашните обврски

12. Интелигенција
Не, не е клише. Никој не сака „празен“ човек.

М. Д. | Црнобело