Избрзани одлуки за брак: Топ 5 фактори кои водат до развод

Иако е прекрасно да се создаде семејство, сепак тоа е голем предизвик и процес кои има свои потешкотии.

izbrzani-odluki-za-brak-top-5-faktori-koi-vodat-do-razvod-01.jpg

Ќе се соочите со конфликти, кризи, дилеми, но крајот би требало сѐ да се среди доколку се работи за квалитетен брак.

Ако реагирате правилно, ова ќе го разберете како ново ниво во врската, а не како нешто многу трагично.

Многу бракови се распаднале заради слични причини, па дознајте кои се факторите кои најчeсто водат до развод и како да се справите со нив:

Избрзани одлуки за брак

Научниците тврдат дека жените кои имале помалку од 3 партнери пред брак, се разведуваат многу почесто од искусни жени на иста возраст.

Ова е веројатно заради фактот што девојките понекогаш стапуваат во брак само бидејќи мислат дека се лудо вљубени и тој е вистинскиот. Но, тоа чувство може брзо да избледи.

Што да правите: Бракот е тежок и не секогаш пријатен, па пред да се одлучите на таков чекор, добро размислете за тоа и запрашајте се дали сте подготвени на таква одговорност и обврска.

izbrzani-odluki-za-brak-top-5-faktori-koi-vodat-do-razvod-02.jpg

Рутински задолженија во домот

Според модерната психологија, се верува дека стрoгите правила во домот може исто така да бидат причина за развод. Таквите правила даваат впечаток на второ работно место, а не на пријатен дом.

Што да правите: Бидете креативни. Шегите на ваша сметка и традицијата ја претвораат рутината во интересна игра. Бидете смирени и прифатете ги домашни обврски полесно. Или, натпреварувајте се кој побрзо ќе го среди својот дел и смислете си награди.

izbrzani-odluki-za-brak-top-5-faktori-koi-vodat-do-razvod-03.jpg

Другите парови се разведуваат

Блискоста со луѓето кои се разведуваат може лошо да влијае на вашиот брак ако имате некои недоразбирања. Можеби ќе почнете да водите паралела со нив и постои ризик дека ќе ви биде полесно и вие да се одлучите на таков чекор, дури и кога не е тоа неопходно.

Што да правите: Не е решение ниту да престанете да се гледате со „опасните“ парови и тоа нема да ги реши вашите проблеми. Треба да имате блискост постојано без разлика дали вашите пријатели се разведуваат.

Отворете си го срцето еден со друг и бидете искрени. Ако има добра атмосфера во врската, надворешни фактори не може да ја уништат.

izbrzani-odluki-za-brak-top-5-faktori-koi-vodat-do-razvod-04.jpg

Прекумерно работење

Кариерата е одлична, но само кога не влијае лошо на приватниот живот. Целиот тој успех ќе стане неважен ако се соочите со губење на семејството. Секако, не треба да ги одбивате работните обврски, но истото важи и за домашните.

Што да правите: Поставете си приоритети и одвојте ја работата од семејството. Не претерувајте со ставање акцент на едното повеќе од другото.

Бидете подготвени да кажете „не“ на работа или замолете го партнерот да дојде блиску до работата, па седнете на пауза на ручек или вечера доколку работите до доцна.

izbrzani-odluki-za-brak-top-5-faktori-koi-vodat-do-razvod-05.jpg

Криење на неверство

Изневерувањето е еден од најтешките проблеми со кои семејството може да се соочи, но ако веќе сте ја направиле оваа грешка, барем бидете подготвени да ја преземете одговорноста.

Што да правите: Мора да разберете дека е уште полошо ако ја криете тајната и не ја кажете вистината. Никој не може да биде сигурен дека сопружникот ќе го прости неверството и семејството нема да се распадне, но таква тајна може длабински да ја уништува врската.

Искреноста понекогаш обезбедува уште една шанса за спасување на семејството, а лагите ја одземаат.

izbrzani-odluki-za-brak-top-5-faktori-koi-vodat-do-razvod-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава