10 знаци дека бракот е доволно цврст за да ги помине сите препреки

Не е лесно да се создаде цврст брак, отпорен на сите искушенија низ годините. Потребно е секојдневно да се негува љубовта и посветеноста на партнерите еден кон друг.

10-znaci-deka-brakot-e-dovolno-cvrst-za-da-gi-pomine-site-prepreki-01.jpg

Се разбира дека не постои совршен брак и секој брак е различен на свој начин, но постојат заеднички карактеристики на сите среќни бракови.

Без разлика дали поминувате низ тежок период, се соочувате со болест или еден од партнерите не е задоволен со тоа како му се одвива животот, ако бракот е доволно силен, ништо нема да го разруши партнерството.

Следниве 10 знаци укажуваат дека имате цврст брак и лесно ги поминувате сите препреки во животот:

Често си кажувате „те сакам“

Дури и кога можеби не се чувствувате така во моментот, му кажувате на партнерот дека го сакате бидејќи длабоко во себе знаете дека тоа е навистина така.

Сте поминале низ многу тешки моменти и сè уште сте заедно

Имало расправии, несогласувања, соочување со тешки работи, но вие сте успеале да излезете на крај и сте останале заедно.

Знаете како разумно да дискутирате за да ги решите несогласувањата

Не викате, не се навредувате меѓу себе, туку конструктивно и со „ладна глава“ ги решавате сите проблеми.

Се грижите еден за друг постојано

Важно ви е здравјето на партнерот, посветувате внимание на ситници и ја искажувате љубовта преку мали гестови. Едноставно, се грижите еден за друг.

Забавно ви е кога сте заедно

Знаете да се опуштите и да се забавувате, без да мислите на проблеми и среќни сте кога сте заедно.

10-znaci-deka-brakot-e-dovolno-cvrst-za-da-gi-pomine-site-prepreki-02.jpg

Вашата врска ви е приоритет

Секогаш сте си на прво место и не дозволувате некој или нешто да се испречи пред вашиот брак.

Ја сфаќате важноста на искрениот разговор

Без разлика дали станува збор за нешто големо или нешто мало, знаете дека не треба да постојат тајни во бракот и секогаш отворено и искрено разговарате.

Знаете да простувате

Да, има моменти кога се лутите и не сакате да се видите еден со друг. Но, тоа брзо поминува бидејќи знаете дека во бракот нема место за држење лутина.

Кога ќе ви се случи нешто, веднаш имате потреба да го споделите тоа со партнерот

Ви ја покачиле платата, сте си купиле нови чевли, ви се случило нешто по пат за накај дома, без разлика дали е добро или лошо, секогаш сакате работите да ги споделите прво со партнерот, па потоа со другите.

Се сакате

Најважно од сè е тоа што имате искрена љубов која е доволно силна за да ги помине сите препреки кои ги носи животот.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека имате одличен сексуален живот со партнерот (број 6 е клучен) Сметате дека вашата предигра е подобра од нечиј сексуален чин, постојано комбини...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
„Гледам порно филмови - како ми влијае тоа на бракот?“ (18+) „Јас имам 40 години и во брак сум 15 години, од пред извесен период почнав да гл...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
5 знаци кои покажуваат дека сте во среќна врска, исполнета со доверба Не го проверувате парнтерот на секој половина час кога е излезен со друштво и не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg