„Мразам кога ме уценуваш со плачење“: Машки изјави што ги вадат жените од такт

Кајсијата е овошје, а не боја и навистина имаш доволно облека, престани со тој шопинг.

mrazam-koga-me-ucenuvash-so-placenje-mashki-izjavi-shto-gi-vadat-zenite-od-takt-01.jpg

Мажите и жените навистина се два различни света.

Тие функционираат на сосема поинаков начин, а овие машки изјави се доказ за тоа:

- „Ако мислиш дека си дебела, тогаш навистина си. Не ме терај да ти дадам одговор, кој е толку очигледен.“

- „Денот на вљубените, роденденот, годишницата не мора секогаш да бидат предизвици на кои мора да ти го купам најдобриот и најоригинален подарок дотогаш.“

- „Понекогаш навистина не мислам на тебе, помири се со тоа!“

- „Денот недела е еднаков на спорт. Тоа ти е како промена на годишното време – не можеш да сториш ништо за да го смениш.“

- „Кога треба да одиме некаде, апсолутно што било и да облечеш мене ми е сосема во ред. Навистина!“

- „Доста веќе со тој шопинг, имаш доволно облека.“

- „Имаш  премногу чевли и премногу чанти.“

- „Мразам кога ме уценуваш со плачење.“

- „Ако поставиш прашање на кое не сакаш да го слушнеш одговорот, тогаш секогаш очекувај го одговорот што не си сакала да го слушнеш.“

mrazam-koga-me-ucenuvash-so-placenje-mashki-izjavi-shto-gi-vadat-zenite-od-takt-02.jpg

- „Твоето поранешно момче е идиот.“

- „Дискретните навестувања ништо не ми кажуваат, отворено кажи што сакаш.“

- „Не, не знам кој ден е денес, годишниците и важните датуми заокружи ги на календарот.“

- „Да“ и „Не“ се најприфатливите и наједноставните одговори на секое прашање. Совршени се!“

- „Главоболката која ти трае 11 месеци, навистина е проблем. Посети доктор!“

- „Што и да сме рекле во изминатите 6 месеци е неприфатлив аргумент за денешната кавга. Сите коментари стануваат неважечки по 7 дена.“

- „Што и да сакаш да ми кажеш, кажи ми за време на рекламите.“

- „Жените што носат длабоко деколте, автоматски го губат правото да се жалат што мажите зјапаат во нивните гради.“

- „Врската никогаш нема да ни изгледа како во првите два месеци вљубеност.“

- „Кајсијата е овошје, а не боја. И тиквата и вишната...“

- „Ако не знам да ти ги читам мислите, тоа не значи дека не се грижам за тебе.“

- „Кога ќе те прашам „што ти е“ и ти ми одговораш „ништо“, знам дека нешто те мачи, но сигурно не е вредно за да се малтретирам.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Мажите и жените открија која им е најмалку омилена секс поза (и сигурно ќе се изненадите) (+18) 1000 мажи и жени од Европа и САД кои се во врска, одговараа на анкетни прашања з...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg