Според организаторите на свадби: 3 рани знаци дека бракот нема да потрае

За одредени парови е евидентно дека ќе се разведат, пред воопшто и да се земат. А, професионалците кои им помагаат при планирањето на церемонијата, неретко се тие кои однапред сведочат за судбината на младенците.

spored-organizatorite-na-svadbi-3-rani-znaci-deka-brakot-nema-da-potrae-1.jpg

Статистиките велат дека речиси половина од современите бракови имаат неславен крај.

Мнозинството разведени двојки го знаат и точниот момент, кога им станало јасно дека за нивната љубов повеќе нема надеж.

Организаторите на свадби, пак, тврдат дека за некои парови е јасно дека ќе се разведат, уште пред и да застанат пред олтарот.

spored-organizatorite-na-svadbi-3-rani-znaci-deka-brakot-nema-da-potrae-2.jpg

Според нивното искуство, трите рани знаци кои покажуваат дека бракот нема да потрае се следните.

1. Парот се опива пред венчавката.

Свадбата без алкохол за многумина не е вистинска свадба. Меѓутоа, ако може да им се верува на организаторите на венчавки, количината на алкохол што младоженецот и невестата ја консумираат во текот на вечерта, може да покаже дали и колку долго ќе им потрае бракот.

Доколку тие прекумерно пијат, тогаш е знак дека веројатнo нешто не е во ред. А, ако се опиваат и пред самата венчавка, тогаш состојбата е уште посериозна.

spored-organizatorite-na-svadbi-3-rani-znaci-deka-brakot-nema-da-potrae-3.jpg

2. Едниот партнер се срами од другиот.

На свадбите се слави љубовта, па вообичаено се опуштени и весели настани. Сепак, некогаш опуштеноста се претвaра во непријатност и тензии на големиот ден.

Ако еден од младенците има чувство дека сопружникот го срамоти пред јавноста, тоа е јасен показател дека „засрамената“ личност повеќе се грижи за впечатокот кој им го остава на другите луѓе, а помалку за среќата на својот партнер.

Притоа, не е воопшто добар знак за долговечноста на бракот.

spored-organizatorite-na-svadbi-3-rani-znaci-deka-brakot-nema-da-potrae-4.jpg

3. Бившите се некаде во близина.

Поранешните партнери не се пожелни гости на свадбата. Во повеќето случаи, тие ќе предизвикаат неубави чувства барем кај едната страна, дури и ако не го покажува тоа.

Присуството на љубовта од минатото може да доведе до проблеми и на самата свадба. А, доколку тоа не се случи, секогаш ќе стои некаде во потсвеста како повод за расправија.

spored-organizatorite-na-svadbi-3-rani-znaci-deka-brakot-nema-da-potrae-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава