Психолозите откриваат 10 работи кои паровите треба да ги прават за да избегнат развод

Не се обидувајте да го промените партнерот

Луѓето грешат многу кога сакаат да го променат својот партнер, посебно кога веќе се во брак и поминало толку многу време откако се заедно. Секој има свои недостатоци и е речиси невозможно некого да го направите според вашите желби и замисли.

Едноставно, ако толку сте се сакале и сте стигнале до брак, прифатете го партнерот каков што е, заедно со сите негови хобија, желби и потреби и најдете си начин да поминете преку нив.

Создадете заеднички семејни традиции и навики кои секому ќе му бидат пријатни, но не заборавајте да си ги исполнувате и сопствените потреби.

psiholozite-otkrivaat-10-raboti-koi-parovite-treba-da-gi-pravat-za-da-izbegnat-razvod-07.jpg

Избегнувајте тешки зборови како „развод“

Обидете се да избегнувате фрази како „Ако ова продолжи вака, ќе те оставам“ и никогаш не го спомнувајте зборот „развод“. Доколку сепак го кажувате тоа често, тогаш бидете подготвени дека еден ден партнерот ќе ви возврати со ист удар и ќе ви одговори „Во ред. Оди си.“.

Таквите фрази кажани во гнев најчесто не се забораваат и дури и откако ќе се смирите, тие остануваат врежани во главата на партнерот кој секогаш ќе мисли дека длабоко во себе навистина го мислите тоа, па еден ден можеби и ќе се случи.

psiholozite-otkrivaat-10-raboti-koi-parovite-treba-da-gi-pravat-za-da-izbegnat-razvod-08.jpg

Контролирајте ги емоциите

Обидете се да се сопрете секој пат кога ќе сакате да упатите навреда кон саканиот/а. Ако мислите дека не можете да се контролирате, тргнете се настрана, дишете длабоко, излезете и прошетајте, па потоа повторно смирено разговарајте.

psiholozite-otkrivaat-10-raboti-koi-parovite-treba-da-gi-pravat-za-da-izbegnat-razvod-09.jpg

Не зборувајте лошо за партнерот зад грб

Никогаш не кажувајте лоши работи за партнерот на другите, дури ни на вашите најблиски. По кавгата, веројатно е дека ќе заборавите што се случило и ќе си простите, но оние на кои сте им се довериле нема да заборават.

Во нивните очи партнерот ќе остане лош и ќе ве осудуваат зошто ст простиле или пак, ќе велат дека вашата љубов е лажна бидејќи еден ден го вреѓате, а другиот се сакате.

Кога работите ќе станат тешки, обратете му се на партнерот и заеднички решете ги проблемите без да мешате други личности.

psiholozite-otkrivaat-10-raboti-koi-parovite-treba-da-gi-pravat-za-da-izbegnat-razvod-10.jpg

Научете го „љубовниот јазик“ на партнерот

Секој има свој начин на искажување љубов. Вашиот начин може да се разликува од оној на партнерот. Но, за да се искаже љубовта не мора да се изговорат зборови, понекогаш е доволен допир и грижа.

Кој и да е „љубовниот јазик“ на вашиот партнер, научете го, дознајте што сака и употребувајте го.

psiholozite-otkrivaat-10-raboti-koi-parovite-treba-da-gi-pravat-za-da-izbegnat-razvod-11.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава