10 работи кои ви се потребни повеќе од маж во животот

Благодарение на притисокот од општеството и секако најблиските роднини кои постојано ве прашуваат кога ќе заиграат на свадба, бракот за некои е најголемата цел за остварување во животот.

10-raboti-koi-vi-se-potrebni-povekje-od-maz-vo-zivotot-001.jpg

Но, дали тој е поважен од другите работи во животот? Доколку сте во брак, дали сметате дека ќе бидете среќни и исполнети по секоја цена, само затоа што статусот ви е во озаконета врска?

Ова се 10 работи во животот кои дефинитивно треба да имаат приоритет пред пронаоѓањето партнер:

Група солидни пријатели

Не од оние кои ги гледате 2 пати во годината на едно кафе „од нога“. Не од оние пријатели кои ги нема никаде кога треба да се прославува некој успех или кога се соочувате со последиците на некој неуспех.

Пријатели кои се секогаш тука за вас и вие за нив, пријатели кои се искрени, кои ве ценат и сакаат. Пријатели на кои им верувате и ви веруваат, кои се тука и во доброто и во лошото.

Пријатели кои нудат безрезервна поддршка рамо за плачење и такви со кои делите и смеа и солзи.

Ви треба таква група на пријатели многу повеќе отколку несигурен партнер во животот.

10-raboti-koi-vi-se-potrebni-povekje-od-maz-vo-zivotot (1).jpg

Работа која си ја сакате

Ќе се осмелиме и да кажеме–кариера. А што има лошо во тоа да сакаш успешна кариера? Да работиш вредно и напорно, некој да ти го вреднува трудот, некој да зависи од твоите квалитети. Да си ценет работник и да правиш некаква разлика со својот труд.

Работата која го исполнува човекот го прави посреќен, позадоволен со себеси, а тоа повлекува и десетици други позитивни квалитети.

10-raboti-koi-vi-se-potrebni-povekje-od-maz-vo-zivotot (2).jpg

Хоби за кое имате пасија

Колку и да сте исполнети на работното место, понекогаш ви е потребно да се исклучите од сè и сите и да си посветите време малку на себеси.

Хобито кое дополнително ве исполнува е повод за уште поголема среќа. Без разлика дали се работи за фотографирање, планинарење, читање книги, пишување поезија, гледање серии…

Без оглед на тоа дали сте професионалец или аматер, секогаш одвојте време за вашето хоби, бидејќи е еден од најдобрите начини за релаксирање.

10-raboti-koi-vi-se-potrebni-povekje-od-maz-vo-zivotot (3).jpg

Умешност да се потпирате сами на себе

Најважното што треба да го знаете е дека во безмалку секоја ситуација, вие сте тие кои може да си помогнете на себе, ретко кој друг ја има таа можност.

Потребно е долго време да научите како да се потпирате на себе, но кога еднаш ќе ја совладате таа вештина, ќе се чувствувате незапирливо.

Бидејќи нема поголем триумф во животот од оној каде не зависиш од никој друг.

10-raboti-koi-vi-se-potrebni-povekje-od-maz-vo-zivotot (4).jpg

Финансиска независниот

Можноста да се живее сам, да можеш сам да си ги плаќаш сметките, да си купиш што сакаш и да отпатуваш каде што сакаш = бесценето.

Независноста нуди многу придобивки, а финансискиот аспект е само уште една позитивна предност.

10-raboti-koi-vi-se-potrebni-povekje-od-maz-vo-zivotot (5).jpg

Чувство на самодоверба

Кога знаете кои сте, колку може да постигнете и колку вредите, многу потешко може да се прелажете за некој или нешто што не е според вашите критериуми. Зошто би се согласиле да бидете со некој кој не ве заслужува? Зошто да ви биде срам или страв да кажете дека заслужувате повеќе и подобро?

Секако, никогаш не се преценувајте, но никогаш и не се потценувајте во животот.

10-raboti-koi-vi-se-potrebni-povekje-od-maz-vo-zivotot (6).jpg

Силна мотивација

Мотивацијата или поттикот да се поттикне нешто ве прави поагилни, побудни, погладни за успех.

Секогаш е важно да имате зацртани цели и да се стремите кон нивно исполнување.

Секако, вие сте оние кои си ги поставуваат. Можеби сакате редовно да вежбате, да имате супер фит тело. Можеби сакате да заштедите значителна сума пари, да отпатувате некаде каде што не сте биле досега или пак да напредувате на работното место.

Што и да е, секогаш имајте нешто што ве мотивира во животот и ве движи напред.

10-raboti-koi-vi-se-potrebni-povekje-od-maz-vo-zivotot (7).jpg

Рутина за лична нега и грижа

Понекогаш поради густо начичканите обврски во распоредот, забораваме да се погрижиме за себе. Важно е да се има утврдена рутина со чија помош ќе се погрижите за беспрекорно функционирање на вашиот ум и тело.

Внимавајте на вашето здравје. Точно утврдете кога е време за вашите редовни проверки на лекар. Пронајдете физичка активност која ве исполнува, трчање, фитнес, јога. Медитирајте доколку можете. Хранете се здраво. Хранете го телото, но и умот.

Разгалете се со масажи и спа-третмани. Уживајте во животот.

10-raboti-koi-vi-se-potrebni-povekje-od-maz-vo-zivotot (8).jpg

Чувство на среќа која не е дефинирана од статусот на врската

Што треба да направите пред да го пронајдете партнерот на својот живот? Да бидете среќни.

Да бидете исполнети и задоволни со сето она што сте го постигнале без ничија помош, освен со своето вложување и труд.

Да сте ведри и насмеани, дури и кога сте сингл. Бидејќи важно е да сте задоволни од себе и животот и кога немате партнер. И да не барате некој по секоја цена за кого сметате дека ќе ги предизвика овие чувства на самозадоволство и среќа.

Врската не треба да ја дефинира вашата среќа, вие сте креатор на истата.

10-raboti-koi-vi-se-potrebni-povekje-od-maz-vo-zivotot (9).jpg

Вистинска љубов – за себе

Не попусто рекле – за да те сака некој друг, прво треба да се сакаш самиот себе.

Ничија љубов на светот нема да ви е доволна ако не се сакате самите, ако не се цените и ако не си верувате.

Да се пронајде добар партнер е само јаготката на врвот од тортата. Но, вие треба сами да ја направите и испечете совршената торта, бидејќи без неа, јаготката би била незначаен додаток.

10-raboti-koi-vi-se-potrebni-povekje-od-maz-vo-zivotot (10).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg