Како кавгите со свекрвата и другите членови на семејството на сопругот магично да исчезнат?

Поставете граници и не реагирајте бурно на работите. Благата насмевка на лицето ќе ве поштеди од многу главоболки.

kako-kavgite-so-svekrvata-i-drugite-chlenovi-na-semejstvoto-na-vashiot-soprug-magichno-da-izcheznat-01.jpg

Кога стапувате во брак, вие се поврзувате за до крајот на животот не само со вашиот сопруг, туку и со неговото семејство.

Секое семејство има свој начин на правење на работите, а вие како нов член може да го растурите тој ред и да треба да се справите со „обвинувачките“ погледи и коментари.

Ова најчесто се случува со свекрвата.

Како со неколку трикови да успеете да ги избегнете кавгите со членовите на семејството на вашиот партнер:

Културно посочете на проблемот

Ако навистина го сакате својот сопруг, нема да бидете груби и агресивни кон неговото семејство.

Вложете напор за да ги запознаете, а кога ви изгледа дека работите одат во правец да станат проблем, тогаш културно посочете на тоа, наместо да правите скандали.

Нагласете го направениот напредок

Не е лесно да влезете во семејство и да почнете да ги правите работите на начинот на кој вие сакате. Нив ќе им биде тешко да го прифатат ова.

Ќе биде потребно многу време и напор за да ги вметнете своите навики, но секогаш кога ќе забележите дека работите се движат во добра насока, нагласете го тоа. На тој начин ќе создадете добри врски со нив.

Обидете се да примените некои од нивните совети

Не значи дека треба да слушате сè, но понекогаш наместо да ги нарекувате нивните совети старомодни и глупави, обидете се да откриете зошто ви го кажуваат тоа.

Можеби некои ситуации навистина ќе ви се олеснат.

Никогаш не сфаќајте ги работите лично

Иако некои лекции и однесувања ве вадат од такт, запомнете дека тие му се семејство на вашиот партнер и ако го сакате, мора да ги толерирате.

Нивните коментари не ставајте си ги на срце. Тие не сакаат намерно да ве повредат, само ги искажуваат своите грижи за одредени работи.

kako-kavgite-so-svekrvata-i-drugite-chlenovi-na-semejstvoto-na-vashiot-soprug-magichno-da-izcheznat-02.jpg

Променете ја темата

Понекогаш тие ќе ве нервираат, а свекрвата ќе ви кажува мудрости цел ден и ќе ви дава забелешки за начинот на кој правите одредени работи.

Па, во вакви непријатни ситуации наместо да пукнете, да се искарате и да си го расипете денот, вие променете ја темата. Фокусот ставете го на нешто позитивно и избегнете главоболки.

Несаканиот совет ислушајте го смирено

Кожата ви се ежи од некои нивни совети, но наместо да се фрустрирате, само ислушајте ги и продолжете по свое.

Ако не можете да молчите, тогаш со блага насмевка на лицето кажете дека имате поинакво гледање на работите и кои се вашите факти за тоа.

Не ставајте го сопругот во средина

Најлошата работа што можете да му ја сторите на вашиот брак е да го ставите сопругот во средина на кавгите помеѓу вас и неговите родители и да очекувате да избере една страна.

Без разлика колку време и да сте заедно, тие секогаш ќе бидат негови родители и ќе чувствува обврска да ја избере нивната страна.

Наместо да го присилувате да избере страна, мирно објаснете му го вашето гледиште и тој смирено ќе направи неговите родители да разберат некои работи.

Тој ги познава подобро од вас, па ќе знае како да им пристапи за да ја подобри ситуацијата.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
6 причини зошто не можете да си најдете девојка, дури и кога сакате сериозна врска Не водите никаква грижа за изгледот и се однесувате арогантно – кои се најчестит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg