„Време ми е за мажење“: Верувања на жените заради кои не можат да го најдат вистинскиот

Многу жени кои не се во врска, сакаат да го пронајдат вистинскиот маж кој ќе биде совршен и со кој ќе можат да создадат семејство.

vreme-mi-e-za-mazhenje-veruvanja-na-zhenite-zaradi-koi-ne-mozhat-da-go-najdat-vistinskiot-01.jpg

Во потрагата по среќа, тие често избрзуваат и прават грешки, бидејќи сликата за идеален маж, станува опсесија за нив.

Тие се плашат дека нема да најдат ништо подобро и наоѓаат некои карактеристики во нив за кои си велат дека се одлични и може да поминат.

Некои од фразите и верувањата кои девојките ги имаат за идеалниот маж, кои се погрешни и ги спречуваат да го најдат вистинскиот:

„Тој е убав/висок/има сини очи“

Атрактивниот изглед кај мажот е бонус, но не и примарна причина заради која жената би сакала да биде со некој таков засекогаш, ако другите квалитети не ги задоволува.

veruvanja-na-zhenite-zaradi-koi-ne-mozhat-da-go-najdat-vistinskiot-mazh-02.jpg

„Тој е богат“

Добра причина, но не за долгорочен план. Ако тој е богат, не значи дека има добри манири, однесување, разбирање и почит.

Да, нема да имате финансиски проблеми, но што вреди тоа, ако сѐ друго не функционира?

veruvanja-na-zhenite-zaradi-koi-ne-mozhat-da-go-najdat-vistinskiot-mazh-03.jpg

„Судено ни е“ или „Ова е љубов на прв поглед“

Да носите вакви заклучоци затоа што тој ви обрнува внимание и ве поздравува, или затоа што неколку пати ја отворил врата за вас, е многу опасно.

Жените, посебно оние кои очајно се во потрага по животен партнер, често знаат да направат ваква забуна мислејќи дека тоа е љубов на прв поглед или судбина.

Но, мажот можеби е само културен и не планира никакви врски.

veruvanja-na-zhenite-zaradi-koi-ne-mozhat-da-go-najdat-vistinskiot-mazh-04.jpg

„Го чекам принцот на бел коњ“

Многу жени чекаат да се појави маж со сите квалитети, што во реалноста не постои. Секој има по некој недостаток, што можеби ќе се смени со тек на време, а можеби вие ќе треба да се навикнете на тоа.

Ако го чекате идеалниот принц на бел коњ, никогаш нема да го дочекате.

veruvanja-na-zhenite-zaradi-koi-ne-mozhat-da-go-najdat-vistinskiot-mazh-05.jpg

„Веќе сум стара“

Овој став, кога жените мислат дека веќе се дојдени на одредена возраст каде мора да си најдат маж е многу погрешен и ги тера да направат погрешен чекор.

Само заради тоа што мислите дека сте на одредена возраст, не значи дека мора да најдете каков било партнер и да бидете несреќни, но омажени.

veruvanja-na-zhenite-zaradi-koi-ne-mozhat-da-go-najdat-vistinskiot-mazh-06.jpg

„Работите ќе се променат со тек на време“

Доколку веќе сте со некој кој и не е толку совршен, си наоѓате изговори дека тој ќе се промени, само затоа што мислите дека е доцна за барање нов животен партнер.

Тоа не е вистина и доколку партнерот не ви одговара никогаш не е доцна да го оставите и да спречите токсична врска во иднина.

veruvanja-na-zhenite-zaradi-koi-ne-mozhat-da-go-najdat-vistinskiot-mazh-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...

Најчитани неделава