Ноќите кога стануваме едно не би ги менувал за ништо на светот

Соблечи го твојот срам и дозволи му на твоето тело да ги почувствува нежните допири на оваа постела во која нема правила.

nokjite-koga-stanuvame-edno-ne-bi-gi-menuval-za-nishto-na-svetot-01.jpg

Заборави на зборовите, вечерва имаме нов јазик, оној на воздишките, кој јас и ти ќе го измислиме. Се смееш наивно, твоите очи светкаат, а можам да ги видам и твоите голи стапала кои тупкаат нервозно во ноќта. Ти си совршена. Нема друг збор за тебе, совршена.

Те гледам како стоиш до вратата, потпрена на едната страна и се обидуваш да изгледаш толку кревко и невино, а знам дека вечерва сакаш да ги пуштиш твоите демони. Црвената наметка ти ги крие градите, а јас во исчекување за нивното откривање. На себе освен наметката немаш ништо, само нескротлива желба за недозволеното.

Твоите чекори кон мене се бавни, ја предизвикуваш мојата фантазија додека забавено го спушташ црвениот текстил, кој ти го крие телото. Под месечевата светлина можам да слушнам жици на гитари кои удираат во тактот на твојот чекор, а одблесокот удира на твоето извајано тело. Дали сонувам или ова навистина се случува?

Додека чекориш, пробувам да се присетам каде сме и кој сум јас, но не ми успева. Голите гради, витките нозе и твојот грациозен чекор, со што те заслужив?

Ги пуштам прстите за да те допрам. Трепериш од возбуда, те грабнувам цврсто, за да се осигураш дека во овие раце секогаш ќе бидеш безбедна. Поминуваш со твојот показалец од челото преку усните до моите најинтимни делови. Ја знаеш ти оваа игра и знам дека, како и на мене, ти е една од омилените. Сакаш да го предизвикуваш тоа воздивнување кое настанува поради моќта на твојот допир.

Веќе ништо не е важно, како да исчезнува светот и сè да се сведува на тие безобразни допири. Ја имаш таа моќ да ме натераш да се изгубам. Твоите нокти завршуваат на мојот грб за да ме потсетат уште еднаш дека твоето ангелско лице е само маска која ја носиш вечерва. Сакаш да бидеш немилосрдна додека ги распарчуваш моите усни, гризејќи ги.

Пополека се доближуваш до моето уво, зборувајќи безобразни фрази, сакаш грубо да ме победиш на моја територија. Во воздухот има огромна количина ерос, моите раце низ твојата коса, ти во позиција на плен, конечно се предаваш додека пополека стануваме едно.

Ми велиш „Не ме пуштај никогаш”, шепотејќи, како да ти е срам. Замолчуваш за момент, започнувајќи ја својата химна на љубовта, со постепени воздишки кои следат едно крешендо и потоа исчезнуваат преминувајќи од ниски тонови кон фалсето, кое од јачината се губи со текот на времето. Веќе си немоќна и се препушташ на моќта на моето неуморно тело. Жедна за нашата спојка, бараш тоа да не престане.

Така со часови, додека нашите тела не се облијат со меѓусебната пот, додека сите течности од нашите тела не се измешаат, додека не запрат воздишките. Една бесконечност во која се губиме. Никогаш не би те пуштил од моите раце, кој е доволно луд за да го направи тоа?

Се смееш додека целата соба се исполнува со чадот на цигарите. Ги скокоткаш моите голи нозе. Во погледот ја гледам твојата жед за нова партија, додека ме скокоткаш во препоните. Не прашуваш, не зборувам.

Само ги земам твоите раце кон ѕидот, овојпат креветот не ми изгледа забавно. Твојот грб на ѕидот, рацете околу мојот врат, моите нозе како потпора, во оваа вертикала одново се спознаваме. Во еден занес кој нема да престане.

Ох, колку ми фалеше твојата ненаситност. Нè разденува, но не ни здосадува, иако трае со часови. Јас и ти, оваа мала соба и незапирливата страст. Што ни треба повеќе?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
„Морам да имам секс по 3 часа за да останам во форма – дечко ми ме остави, не можеше да го следи мое... „Веќе 4 месеци ја држам оваа диета и да, тоа беше навистина интензивен период. Ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg