Ако треба да ги избројам начините на кои ме сакаш...

Го гледаш доброто во мене, дури и кога самата сум неспособна да ја разликувам светлината од мракот…

Ako-gi-izbrojam-nacinite-na-koi-me-sakas-01.jpg

Ја делиш мојата болка, а ја множиш радоста, ти си игривоста на моето срце и сјајот во моите очи…

Тука си, додека сите други се отсутни, подготвен да ме одбраниш и заштитиш дури и кога не го барам тоа од тебе…

Ме слушаш дури и кога сум си здодеала самата на себе, секогаш смирено, секогаш трпеливо…

Не се потсмеваш на моите соништа, напротив, ме охрабруваш да грабам подалеку и повеќе…

Ме почитуваш, не само во моментите додека сме заедно, туку и тогаш кога не можам да слушнам што зборуваш за мене…

Ме љубиш дури и кога си ми лут, дури и кога кажувам работи коишто не ги мислам, дури и кога ја губам контролата…

Би изодел пеш до крајот на светот ако тоа е условот за една моја насмевка кога сум бескрајно тажна…

Ми ги бришеш солзите додека плачам, ме лекуваш додека боледувам, ми ги стискаш дланките кога ми е студено…

Не ме уценуваш емоционално кога сум ранлива, не ме доклоцуваш кога сум на дното, не ми кажуваш „Ти реков“ кога не ми е дојдено да го слушнам тоа…

Со еден допир ми ја смируваш душата, ми ги залечуваш раните, ме исцелуваш од суровоста и болката на секојдневието…

Ме сакаш тивко, ненаметливо, без премногу помпа, со дела, а не со празни зборови, со исполнети, а не со празни ветувања…

Секоја моја потреба ја ставаш пред твојата, затоа што љубовта е жртва и компромис, а не натпревар на суетата и панаѓур на саможивноста…

Ме сметаш за пријател, љубовник, сојузник, партнер и другар, рамо до рамо, денеска и до века…

Ако треба да ги избројам начините на кои ме сакаш, ќе бројам додека дишам.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg