Мажи одговараат: „Што очекувам да се случи на вториот состанок?“

Првите состаноци знаат да бидат стресни. Никогаш не знаете дали ќе имате теми за разговор или едноставно чудната тишина ќе преовладува.

mazi-odgovaraat-sto-ocekuvam-da-se-sluci-na-vtoriot-sostanok-001.jpg

Доколку ја имате таа среќа да си „кликнете“, голема е веројатноста да закажете и второ излегување.

Па, ако ве интересира што очекуваат мажите од тој втор состанок, можеби е една од следниве опции.

Мажите искрено одговараат: Што мислам дека треба да се случи на вториот состанок?

„Ако не сте се бакнале на првиот состанок, тоа дефинитивно треба да се случи на вториот. Не очекувам ништо посебно, само отворени опции.“

„Генерално, има 4 работи кои ме интересираат и сакам да ги дознаам на вториот состанок: целите во кариерата, целите во животот, семејната ситуација, љубовниот статус.“

„Важно е да го одберете местото на кое ќе се случи вториот состанок. Ако тоа е театар или кино, јасно ми е дека излегувам со девојка со повисоки стандарди. Ако тоа е кај мене или кај неа дома - тогаш сè е јасно.“

„На вториот, па и на третиот состанок очекувам барем минимална физичка привлечност, но и добра основа врз која ќе се темелат разговорите.“

„Ако не се бакнеме на вториот, евентуално третиот состанок – време е за тревога. Тука нешто не штима.“

„Само се надевам дека ќе биде подобар од првиот, ќе најдеме хемија и теми за разговор. Очекувам и физички да биде послободна, да не се плаши од зближување.“

„Од вториот состанок очекувам да биде возбудлив – пример, искачување по карпи, пловење со кану или нешто авантуристичко во природа.“

„Очекувам тоа да биде на место каде што ќе може да разговараме со часови. И очекувам веќе да се случи првиот бакнеж.“

„Па, се надевам дека на вториот состанок ќе откријам дали сме за нешто сериозно или за минлива авантура.“

Што очекувате и што правите вие на вториот состанок?

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg