Исповеди на 3 жени: Како заврши мојата љубовна афера?

Како завршуваат аферите? Што ако го оставите сопругот поради тој маж, а потоа не функционира?

ispovedi-na-tri-zeni-kako-zavrshi-mojata-ljubovna-afera-01.png

Дали би можеле комплетно да верувате некому со кого сте имале афера? Дали можете да се замислите во здрава врска со мажот со кој сте го изневерувале партнерот, со мажот кој можеби и самиот ја изневерувал партнерката со вас?

Како завршуваат неверствата?

Три жени отворено проговорија на темата:

„Кога се запознавме, двајцата бевме во врски и имаше многу причини зошто да не бидеме заедно. Тоа повеќе беше емоционална афера. Минувавме многу време во зборување и испраќање пораки. Само двапати се бакнавме на пијано.

Одлучив да раскинам со момчето, а кусо потоа и тој раскина со девојката. Потоа почнавме да се гледаме, но бев несигурна. Страв ми беше да не има афера на страна.

Но, кога не бевме заедно постојано зборувавме на телефон и полека стекнав доверба во него. Сега веќе две години живееме заедно и дискутираме какви имиња да им дадеме на децата што ќе ги имаме во иднина.“

„Работев од дома, бев во брак 14 години и имав две деца, па аферата ми дојде ненадејно. Го носев син ми на фудбал, па еднаш останав на само со таткото на еден од неговите пријатели. Зборувавме за нашите животи и деца и почувствував како да го знам целиот свој живот.

Појдовме на пијалак и во еден миг ме бакна. Знаевме дека е погрешно. Се чувствував виновна за тоа што го правам, но тој направи да се чувствувам жива повторно. Се чувствувавме млади и возбудени.

Одлучив да се разведам, но мојот сопруг го прифати тоа многу лошо. Се отселив, но секој пат кога доаѓаше да ги земе децата гледав љубов во неговите очи. Кога децата се враќаа среќни од средбите со него, некако сè повеќе го сакав својот сопруг. Сфатив дека бев глупава и сакајќи возбуда изгубив нешто значајно.

Сега сум среќна што таткото на моите деца ми даде уште една шанса. Одиме на брачна терапија и полека го оставаме болниот период зад нас.“

„Бев во брак 20 години, но маж ми постојано поради работата беше во странство. Се навикнав да не е покрај мене. Децата пораснаа, имаат свои животи и јас се чувствував осамено.

Лесно се впуштив во афера. Возбудата ме опиваше, а мојот сопруг почна да ме нервира сè повеќе. На крајот одлучив да му признаам дека имам афера и да му кажам дека нашиот брак не функционира и треба да поработиме на него.

Тој одбиваше да признае дека нешто не е во ред. Тогаш ми дојде преку глава. Си ги спакував куферите и заминав со мажот со кој имав афера. Сега сум многу среќна со него и се чувствувам 10 години помлада.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg